Достапни линкови

Македонија треба да се ослободи од недемократскиот политички баласт


Македонија не успеа да се ,,ослободи” од проблемот на насилство во политиката, која всушност е главниот индикатор за продуцирање на нерегуларностите на терен како и разни облици на манипулација со граганите, смета професор Лидија Христова од Иниститутот за социолошко и политичко правни истражувања, коментирајќи го текот на спроведување на локалните избори во земјава и лоцирајки ги проблемите кој се појавија.

,,Овие 30-40 случаи кои се идентификувани несомнено покажуваат груби облици на насилство и загрозување на гласачкото право со што се нарушува демокератичноста на изборите. Но, јас мислам и на други облици на уцени кои ги доживуваат одредени лица, и на барањата кои ќе ги испорачаат нашите палави момчиња од нашиот сокак кои полнеле кутии за време на изборите. Знаете, тука почнува оној циклус на насилство во политиката, сфатен во поширока смисла на зборот.”

Истакнува професор Христова.

Професорот Назми Малиќи пак изјавува дека проблемот кој секогаш ја наметнува референцата дека одредени изборни циклуси во земјава изминале ,,недоволно демократски” го предизвикува една критична маса на луѓе која преку однесувањето на терен, влијае на стекнување на ваквиот впечаток а која очигледно, смета тој ја има подршката од политичките партии.

,,Ова не може да се смета како политичка култура на граѓаните. Граѓаните не се виновни, затоа што 90 насто не се тие прекршители на ова, туку мала група на луѓе, што ги толерира власта. Истите тие грешки беа при претседателските избори и ВМРО-ДПМНЕ, истите грешки се повторуваат сега меѓу СДСМ и ДУИ.”

Експретите се согласни дека македонските институции мораат да се справат со ваквите негативни појави кои предолго се провлекуваат во демократскиот живот во земјава.

,,После сите овие појави приврзаниците на едните и на другите треба да го градат тој нов модел на централизирана локална власт. Зарем тоа нема да има последици врз односите кои ќе настанат во наредните четири години. Мораме конечно да се ословодиме од овој недемократски баласт што предолго го влечеме со себе,”

Заклучува професор Христова.
XS
SM
MD
LG