Според последните обработени податоци, по синоќешните соопштени 49 избрани градоначалници во вториот круг од локалните избори, од Државната изборна комисија информираат за уште дополнители пет општини каде што досега се обработени гласовите:
„Во општина Сопиште, кандидатот на СДСМ освоил 1725 гласови, во Маврово Ростуше кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ освоил 2178, во Битола кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освоил 23 538 а канидатот од СДСМ 17 946 гласови, во Аеродром кандидатот на СДСМ освоил 10 365 гласови, а опозцијата 11 185 и на крајот во Македонски брод кандидатот на ВМРО НП освоил 2 279 гласови, а СДСМ 2 167.“
Соопшти Зоран Таневски, портпарол на ДИК.
Вклучително со последните податоци соопштени од Изборната комисија, коалицијата За Македонија Заедно има освоено 24 градоначалнички места, а здружената опозиција 17. Коментирајки ги резултатите од вчера одржаниот втор круг од локалните избори, генералене е впечатокот дека задоволство има и кај владеачката и кај опозиционата коалиција. Социјалдемократскиот сојуз е задоволен од високиот број освоени градоначалнички места.
„Коалицијата за Македонија Заедно после вториот круг освои убедливо најголем број на градоначалнички места, а тоа за нас претставуваваше исклучителна битна проверка на работата и рејтингот на партијата.
Вели Игор Ивановски од СДСМ.
Успехот во поголемите општини, вкучително и резулатот во Скопје, каде опозицијата освои поголем број од градоначалничките места за ВМРО ДПМНЕ е главниот мотив да се сметаат за победници.
„Мислиме дека и покрај сите притисоци кои што ги доживеаа граѓаните, сепак вољата на граѓаните неможеше да биде променета и опозицијата во најголем дел од поголемите градови ја доби подршката на граѓаните.“
Потенцира Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.
Што се однесува до албанскиот политички блок и партијата коалиционен партнер во власта Демократска унија за интеграција синоќа ги прославуваше освоените резултати. Демократската унија за интеграција смета дека нивната победа во околу 10-тина општини е реална и за нив претставува успех, а бојкотот и обвинувањата од опозиционата ПДП ДПА, според нив не ја минимизира нивната победа.
„За нас е охрабрувачки фактот што на овие избори, албанската етничка заедница излезе уште поорганизирана отколку во првиот круг.“
Вели Ермира Мехмети портпарол на ДУИ.
Државната изборна комисија во текот на денов треба да ги соопшти податоците за останатите три од вкупно 57-те општини каде вчера се гласаше.