И покрај тоа што владата во својата агенда веќе ја зацрта продажбата на ЕСМ според модел што го одбра без јавна расправа, таа пост фестум, во наредниот период предвиде дополнителен напор, да ги убедува граѓаните во оправданоста на избраниот модел. Сублимирано според обаа логика, граѓаните го коментираат последниот чекор на владата, откако неодамна таа потпиша протокол со невладината организација Транспарентност Македонија, со кој таа се обврзува на обезбедување јавност во продажбата, преку организирање трибини, на кои експертите ќе ги изнесуваат своите аргументи, за и против продажбата на ЕСМ:
„Не знам колку би вијаел тој договор.“
„Мислењето на експертите нема да има влијание. Ако решиле да го прават тоа, ќе го прават, без разлика дали некој ќе рече вака или онака.“
„Зависи од која страна се аспектите.“
Процесот на приватизација со право будат внимание на јавноста, велат во Транспарентност. Токму целта на потпишувањето на протокол на Транспарентност Македонија со Министерството за економија е во функција на обезбедување јавност околу постапката, а не да и се помогне на владата во продажбата, вели Зоран Јачев:
„Она што го правиме е само отворање на процесот, за јавноста да може да ги добие сите релевантни информации во врска со приватизацијата на ЕСМ, па таа да може да пресуди. Тие трибини ќе ги направиме уште пред распишувањето на тендерот за продажба, како што е планирано некаде до крајот на мај, и сакаме на еден сублимиран начин на јавноста да и дадеме простор да ги дознае сите релевантни работи поврзани со овие четири прашања, значи нема да ја убедуваме јавноста, тоа е работа на владата, ние треба да видиме само дали процесот е транспарентен.“
Во меѓувреме, моделот продажба на контролниот пакет акции го оспоруваа голем дел од експертите кои сугерираа дека приватизацијата треба да се забави, односно да не се продава контролниот пакет акции, поради немање увид во постапката за приватизација на компанијата, деновиве критики изрази и првиот човек на анти корупциската комисија Драган Малиновски:
„Упативме барање до Министерството за економија да бидеме информирани околу моделот на продажба, кој дел ќе се продава, евентиалните механизами кои се предвидени за заштита на јавниот интерес. Имаме застој и малку подолго време во добивањето на бараниот извештај. Отприлика има две недели како го упативме барањето.“