Достапни линкови

Четири лица загинаа, 17 повредени


Според болнички извори, во пожарот што избувна денеска во зградата бр. 8 на улица "Ѓорѓи Сугаре" во скопската населба "11 Октомври, животот го загубиле четири лица, а шест се повредени.

Професор Јордан Савевски, одговорен дежурен лекар во хируршкиот блок при Клиничкиот центар во Скопје информира дека биле донесени четири лица, од кои две веќе биле починати. Еден од починатите е маж, роден 1929 година, а другиот средновечна жена.

Едно повредено момче е префрлено на Клиниката за пластична хирургија, а една повредена жена е хоспитализарана на Клиниката за токсикологија. Двајцата повредени се затруени од чад и нивната состојба лекарите ја оценуваат како релативмо стабилна.

Директорот на Градската болница Божидар Ефтимов изјави дека кај нив се однесени шест женски лица. Две од нив, помлади лица, не давале знаци на живот поради што бил направен обид за реанимација, но без успех. Преостанатите четири, повозрасни лица, се затруени од чад и се хоспитализирани.

МВР претходно потврди дека во пожарот загинале три лица, две жени и еден маж го загубиле животот.

Пожарот зафати неколку стана, дел од гаражите и подрумските простории на зградата. Екипи на Единицата за противпожарна успеаја да ја локализираат огнената стихија.

Од досега преземените мерки констатирано е дека пожарот во зградата број 8 на улица "Ѓорѓи Сугаре" настанал во подрумските простории во станбениот објект, а потоа набрзина се проширил по вертикала кон горните катови, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Причина за брзото ширење на пожарот се пластичните огради и складираните лесно запаливи предмети кои испуштаат токсичен чад.

По телефонското јавување во 12.30 часот, Бригадата на противпожарна заштита во 12.36 часот пристапила кон гаснење на пожарот, при што беа ангажирани 25 возила, 45 пожарникари, со поддршка од други структури од МВР.

Со брза интервенција на Бригадата за противпожарна заштита спречено е опожарување на внатрешноста на становите и кровниот дел од зградата.

При интервенцијата на работниците на противпожарната бригада и други припадници на МВР, како и граѓаните кои се вклучиле во гаснењето на пожарот беа евакуирани повеќе лица кои се пренесени во неколку здравствени установи во градот.

Според информациите од здравствените установи четири лица го загубиле животот, а девет се здобиле со повреди, како последица труење. Во тек се активности за утврдување на идентитетот на загинатите и повредените.

МВР презема мерки за озбезбедување на местото на настанот и утврдување на причините за пожарот
XS
SM
MD
LG