ДПА и ПДП за сега остануваат на ставот, поништување на изборите во 16 општини со доминантно албанско население. Предлог законот е доставен до Собранието и се бара пратениците по итна постапка да расправаат по него. Ваквиот став, беше главната причина за неуспехот на вчерашната лидерска средба кај премиерот Владо Бучковски. Партиските органи треба да решат, дали ќе се попушти во ставот за бојкот на привиот круг, вели претседателот на ПДП Абдуљади Вејсели:
„Ние сега немаме проблем меѓу себе. Ние како Република Македонија имаме проблем со сите меѓународни институции, почнувајќи од ЕУ, од ОБСЕ; се до американскиот Стејт Департмент, кои не велат дека во одредени делови од Македонија имало нерегуларности. Ставовите се тие. Ако не се поништат во првиот круг, преку законот кој е предложен во Собранието, тогаш најверојатно ќе се оди на бојкот. Меѓутоа, за ова не можам јас да стојам на ставот, ако претседателството одлучи нешто друго, меѓутоа, верувам дека претседателството тоа ќе го верификува.“
На средбата кај Бучковски и денеска нема да се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, нема потреба од такво нешто, изјави портпаролот Александар Бичиклиски. Бучковски вчера уште еднаш го повика Груевски да присуствува на лидерската средба:
„Начинот на којшто се обидува да врши притисок е контра продуктивен, тој всушност со своите деструктивни однесувања може само дополнително да ја искомплицира и така комплицираната состојба, пред се, во албанскиот политички блок.“
Одбивањето да присуствува на лидерските средби, за Груевски претставува притисок врз власта:
„Моето колебање дали да одам, сфатете како притисок на владата да сфати дека проблемите направени на изборите се направени од нивна страна и тие мора да ги решат.“
Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, инаку, сеуште не ја закажал собраниската седница, на која би требало да се расправа по предлогот на ДПА и ПДП за поништување на изборите во општините во северо – западниот дел на Македонија.