Достапни линкови

Отворен паркот на толеранцијата


На сончевите денови што доаѓаат, најмногу им се радуваат децата, кои организирано дефилираа низ центарот на градот. Но, тие мислат и на екологијата. Да ја зачуваме природата, да се грижиме за неа секој ден, сонцето е живот, порачуваа транспарентите во нивните рачиња:

„Ние доаѓаме за екологијата, организираме дефиле, сите деца имаат цветови.“

Оние пак, што треба да обезбедат чиста средина за живеење, возрасните, садеа дрвца во градските паркови. Невладините организации, Меѓуетнички центар за толеранција и бегалци и новинари за правата на жените и децата, го позеленуваа паркот кај старата железничка станица, наречен Парк на мирот.

„При промовирањето на Паркот на мирот засадивме поголема количина на дрвца. Еве денеска го одбележавме Денот на пролетта, со засадување на неколку дрвца. Во иднина на паркот ќе му дадеме културно уметнички содржини,“

вели Владо Димовски од центарот за меѓуетничка соработка и бегалци.

Во близина пак, на Воената болница во Скопје, беше отворен и паркот на толеранцијата. Неговата цел е традиционалниот лов, амбасадорите да го заменат со садење дрвца со специфика на нивните земји:

„Парковите како резултат на осмисленото човеково делување и обидот човекот да ја направи неговата околина естетски и еколошки побогата, се незаобиколен заштитен знак на голем број светски метрополи. По своите паркови, познати се сите европски метрополи, па и Скопје, во кое имаме чест да претстојуваме,“

рече Александар Милошевиќ, амбасадор на Република Хрватска.

Министерството за животна средина и просторно планирање пак, најави дека во сабота заедно со АРМ и невалдиониот сектор, ќе учествуваат во акција за пошумување на Водно.
XS
SM
MD
LG