Претставувањето на новите книги во Британија не многу често се прави во холовите на британскиот парламент и во присуство на многу пратеници. Но, токму тоа се случи деновиве со англиското издадние на публикацијата Лагата нема да умре. Оваа книга го разнишува митот за еврејската конспирација да го завладеат светот. Ваквото верување, безирано во книгата Протоколите на старците од Сион беше употребено за оправдување на убиствата врз евреите во царска Русија и во нацистичкиот Холокауст. Џејмс Клеписон, кој го раководи парламентарниот комитет против анти семитизмот вели:
„Тажно е да кажеш дека некои лаги и некои од содржините во Протоколите се се уште важечки и денес.“
Авторот на Лагата нема да умре е Хадаша Бен Ито, поранешна дипломатка и судија на израелскиот Врховен суд. Повеќето од нејзиното семејство загина во Холокаустот. Седумдесет и осум годишната Бен Ито, која е родена во Полска објаснува:
„Двапати го претставував Израел во Генерланото собрание на Обединетите Нации и некои луѓе таму ми ги цитираа Протоколите. А јас ги немав читано бидејќи евреин не ја чита таа книга. Протоколите беа преведени на сите јазици, но не и на хебрејски. Јас ги прочитав и се налутив. Сакав да ја дознам вистината.“
Бен Ито вели дека Протоколите биле напишани во Париз во илјада осумстотини деведесет и петтата по инструкции од рускиот таен агент Пјотр Иванович Рачковски за да ја оправда поцврстата политика спрема евреите во Русија. Станаа познати откако беа додадени во книгата Големото и малото од Сергеј Нилус во илјада деветстотини и петтата година. Бен Ито наведува дека Протоколите се базирани врз малку познатата книга на измислени дијалози меѓу филозофите Макијалвели и Монтескје на францускиот автор Морис Жоли. Од таа книга под наслов Дијалози во Пеколот авторот на Протоколите префрлил цело поглавие велејќи дека станува збор за документи од првата конференција на ционистите одржана кон крајот на деветнаесетиот век. Бен Ито вели дека е задоволна од она што го направила и оти реакциите биле позитивни. Франк Кас, претставник на британскиот издавач на книгата на Бен Ито вели дека големиот успех на книгата е поради тоа што во неа имало документаристички сведоштва.
„Хадаша Бен Ито докажа без недвосмислено дека Протоколите на старците од Сион се фалсификат. Оваа книга, според мене е важна исто колку и Протоколите. “
Инаку, во интервјуто за Тајмс Бен Ито вели дека искуството со Протоколите ја оставиле во еден вид морална дилема. Имано, таа е против забраната на книгите бидејќи тоа ја потстува на нацистичка Германија. Сепак, од друга страна, таа смета дека тоа може да биде сторено кога нешто специјално е дизајнирано за да предизвика расна омраза.