Достапни линкови

13 препораки до македонската влада на тема бизнис - корупција


Поставување на антикорупциски заштити во јавните набавки, транспарентни тендери, пристап до информации во врска со јавните набавки од страна на граѓаните и медиумите, ревизорски куки кои ќе ги следат набавките, ротирање на лицата кои одлучуваат за нив, изготвување на црна листа на коруптивни компании… ова се само дел од тринаесете препораки посветени на намалување на корупцијата во градежништвото и бизнисот како и при доделување на хуманитраната помош, на кои во последниот извештај укажува Меѓународната Транспаренси интернешнал, а кои ќе и бидат предочени на македонската влада од која се очекува да ги прифати овие меѓународни стандари, изјави претседателот на Транспарентност Македонија, Зоран Јачев:

„И на меѓународно ниво веќе е видено колкава штета се нанесува на буџетите, демократијата и владеењето на правото при јавните набавки, а во овој извештај со посебен осврт и на градежничките зафати, со злоупотребата на позицијата на луѓето од власта при јавните набавки“

Во скоро време, врз основа на овие препораки, Транспарентност Македонија, како што потенцираше Јачев, ќе изработи проект кој ќе биде доставен до претпријатијата во земјава и до Владата:

„Веќе имаме изготвено проект за оваа работа и сакаме сето ова што го кажавме да го примениме во Р Македонија.“

Корупцијата е посебен проблем со кој се соочува државава, имплементирање на препораките на светско ниво, ќе придонесат за нејзино намалување, а пред се ќе придонесат за привлекување на странски инвестиции во Македонија.

„Ако сакаат да го уверат населението и јавноста дека имаат намера навистина чисто да работат со државните пари би требало да ги прифатат овие стандарди и обврски.“

потенцира Јачев.

Во овој извештај на Меѓународната организација на Транспарентност со седиште во Брисел, Македонија не е директно посочена, наведени се само примери на корупција во градежништвото, бизнис секторот како и корупцијата при доделување на хуманитарна помош воопшто во светот, чие ниво, покажува дека е високо, па оттаму и вое препораки до Владите во светот.
XS
SM
MD
LG