Достапни линкови

ДИК објави првични резултати од локалните избори


Државната изборна комисија доцна вечерва ги објави првичните резултати од првиот круг на локални избори во Македонија. Според податоците на ДИК, во Осломеј во првиот победи кандидатката на ДУИ Садику Сание, а во Карбинци за градоначалник е избран кандидатот на коалицијата "За Македонија заедно" Борис Гаврилов. Како што соопшти портпаролот на ДИК Зоран Таневски, градоначалник на Ресен ќе биде Димитар Бузлевски од СДСМ, кој исто така е избран во првиот круг.

Во вториот круг во Теарце одат кандидатите на ДПА/ПДП Сали Јонузи и на ДУИ Рами Ќарими, во Зрновци во вториот круг одат кандидатите на коалицијата "ЗА" Михаил Гаврилов и на Здружената опозиција Благој Николов.

Што се однесува до советничките листи, во Осломеј, од листата на советници на ДПА/ПДП се избрани двајца кандидати, а од листата на ДУИ 13 кандидати. Во Теарце од листата на ДПА/ПДП се избрани седум советници, од група избирачи еден, од ДУИ 10 и од коалицијата "ЗА" еден кандидат. Во Карбинци од листата на кандидати за советници на ВМРО - Народна партија е избран еден советник, од листата на коалицијата "ЗА" има шест и од листата на здружената опозиција има двајца советници. Општината Зрновци има избрано двајца кандидати од советничката листат на коалицијата преводена од СДСМ, од Демократско републиканската унија на Македонија има двајца, од листата на ВМРО-НП еден, од листата на Здружената опозиција двајца и од група избирачки уште двајца советници. За Ресен, од листа на ДПА/ДПД е избран еден совтеник, од листата предоводена од СДСМ има осум советници, од листата на кандидати на здружената опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ има петмина и од листата на ДУИ еден советник.
XS
SM
MD
LG