Достапни линкови

Најтофеен македонски спорт


Првите години од осамостојувањето, според резултатите, спорт број еден во Македонија беше каратето. За тоа, најзаслужен беше Елвир Куртановиќ, кој со титулата европски младински шампион во 1993 година стана и спортист на годината, по што следуваа златниот медал од Европскиот универзитетски шампионат и двете Вицешампионски Вадорју Евро титули.

Но, во нам својствен стил, место овие успеси, кои беа надополнети и од други каратисти, да се потврдуваат и да се потстрек за поголеми дострели, потоа каратето почна да бележи пад, а натпреварувачите да се повлекуваат од сцената. За причините, Куртановиќ вели:

„Во 97 почнаа поделбите во карате сојузот во повеќе фракции, од којшто мојот матичен клуб беше отстранет, и јас не можев да присуствувам на европски и светски првенства. Мене ми беше ускратена можноста да се натпреварувам како спортист.“

Повлекувањето од натпреварувачкиот дел, сепак, повеќекратниот кадетски, младински и сениорски шампион на Македонија не го оддели од каратето. Тој веќе 5 години е тренер во карате клубот КЕИКС од Скопје, каде моментно работи со 50 деца од сите возрасти. Нивната радост и задоволство што се занимаваат со овој спорт е потврда дека каратето има иднина кај нас.

„Голема желба ми беше да тренирам карате.“

Секако и желбите за големи успеси.

„Се занимавам со карате три години и сум учествувал на републички и меѓународни натпревари.“

Ова е искрена желба и на самиот Куртановиќ, за чие исполнување, сепак, треба уште нешто:

„Немаме добро спортски сали, немаме греење, душеци, тоа се работи коишто мора да ги имаме за да бидеме присутни во Европа.“
XS
SM
MD
LG