Достапни линкови

Економска видливост на Македонија


Во одговарањето на прашалникот од Брисел, освен тимовите од владините институции беа вклучени и експерти. На барање на јавниот повик на владата на кој конкурираа повеке научни институции, како и друштва за интелектуални услуги, меѓудругите беше вклучена скопската канцеларија на Ернст и Јанг. Притоа Владата или секторот за евроинтеграции побараа вклучување на експертите посебно во делот правда и внатрешни работи и економија. Од околу две илјади прашања помош беше побарана за речиси илјада:

,,Отприлика, квантитативно, од близу 2000 прашања, коишто беа поставени за одговарање, може да се каже дека околу половината од нив беа ангажирани луѓе од надвор преку овој проект и беа ангажирани околу 70-тина надворешни соработници. Најголемиот дел на ангажманот, на соработниците беше во економските и политичките критериуми. Тие на некој начин бараа сумирање и експертски став. Имаше потреба од дополнителен ангажман во делови како регионален развој, мали и средни претпријатија, правда, внатрешни работи и поцвеќе други поглавја,”

изјави Верица Хаџивасилева Марковска, директор на Ернст И Јанг. Таа оценува дека одговорите на прашалникот се сигнал дека Македонија може да се
организира, но оти допрва следат обврските, ова е само почеток:

,,Јас се надевам дека ако процесот продолжи да се одвива со посакуваната динамика, веднаш не крева на ново рамниште на видливост на меѓународната сцена за странските инвеститори. И тоа навистина се случи во земјите коишто веќе минуваа низ процесот. Во моментот кога почнуваат со преговорите, тие на некој начин како да го поминале првиот филтер на проверки и инвеститорите имаат многу повеќе доверба. Моментот на влегување во унијата не е најзначаен, туку моментот кога се качуваш на возот да стигнеш во Европа, бидејќи тука се прават промените.”
XS
SM
MD
LG