Достапни линкови

200 илјади граѓани работат на црно?


Во Македонија 200,000 работници работат на црно односно работодавците не им плакаат никакви давачки. Од нив 120,000 илјади се жени - велат проценките на сојузот на синдикати направени врз основа на податоците на Заводот за статистика. Женската работна сила се експлоатира во угостителството, градежништвотвото, туризмот но најмногу во текстилната индустрија.
Таков е случајот и на една 40 годишна кројачка која работела во неколку фабрики за текстил, а моментно е невработена.

,,Во почетокот се беше добро, се работеше од седум до три. Овие две три години почнаа да се прават големи исклучоци. Вообичаени девет и пол и десет часа. Сепак, жени, како жени, им треба не само одмор, туку и куќа да гледаат.”

раскажува таа

Бројот на ваквите случаи е алармент велат од Секцијата на жени на синдикатите. Токму затоа тие се вклучија во капмањата под мото Стоп на работата на црно на жените која почна од крајот на мината година и ке трае во текот на цела 2005 година.Во кампањата се вклучени синдикати од 23 Европски земји .

,,Основната цел на оваа кампања е легализирање на работниот однос на жените што работат на црно. Со тоа што ние на крајот на февруари, ќе објавиме телефонски броеви од целата Република, за да може сите што работат на црно, не само жени, да се јавуваат анонимно, а после тоа ќе направиме план со инспекторите да направиме ненајавени контроли,”

Вели Лилјана Јанкуловска претседател на секцијата на жени во сојузот на синдикати.

Од министерството за труд и социјала велат дека немаат конкретни податоци колку од работниците на црно се жени затоа што законот за работни односи не ги дели работниците според полот.
XS
SM
MD
LG