Достапни линкови

Чувството на несигурност присутно кај граѓаните


Еден ден по убиството што се случи во продавницата во скопската населба Чаир полицијата успеа да ги открие сторителите кои од непосредна близина со пиштол ја усмртија 26 годишната продавачка, но чувството на несигурност поради присуството на криминал во оваа општина остави белег меѓу нејзините жители. Во позадина на последниот случај во кој лицата со маски на главите го извршија убиството стојат луѓе со криминлно досие, изјави Горан Павловски, шеф на кабинетот на минситерот за внатрешни работи:

,,УВР Чаир по преземени оперативно тактички мерки, целосно го расветли случајот и го приведе лицето Нијази Ф 22 години, од Скопје, познат сторител на кривични дела. По наредба на истражен судија, беќе извршен домот на Нијази на ул Дижонска и беше пронајдена рачна бомба од кинеско производство. При расвлетлување на случајот е приведен и неговиот брат кој е осуден на две годишна затворска казна. Мотивот ќе биде утврден, има неколку варијанти, меѓутоа сигурно дека се работи за криминал.”

Но, фаталниот епилог од поледниот случај на насилство во оваа општина не го отсрани чувството на небезбедност. Блиските средби со криминлаците, според искуствата на луѓето што работат и живеат во таа општина стануваат се почеста појава.

,,Нема никаква безбедност, секој момент некој може да влезе.”
,,Тешко човек да се чувствува безбеден, за 500 денари ќе дојде некој и ќе те убие.”


Но, судејќи според МВР зголеменото чувство на небезбедонст на граѓаните не соодветсвува на реалните состојби. Според нивната статистика криминалот во Скопје во почетокот на оваа година во споредба со минатата година е помал за 50 проценти.

Но, впечатокот дека луѓето во урбаните средини не се безбедни од кримнлците го делат и експертите. Според професор Љупчо Арбудовски, лошата социјално економска економска ситуција во државата што надополнета со нелегалното присуство на оружје и со неефеикасност на судовите и на полицијата ги охрабрува криминалците во нивните намери:

,,Ризикот криминалецот да остане неоткриен или да остане без пресуда, темната бројка без сомнение е во пораст.”
XS
SM
MD
LG