Достапни линкови

Македонија без закон за изборна кампања


Со цел да се надминат недоразбирањата во смисла кои се дејствијата во изборната кампања потребно е да се донесе посебен закон за изборна кампања што ке се однесува на сите избори, локални, парламентарни И претседателски, велат експертите. Според нив токму поради непостоење на прецизни правила има И многу случаи на мегусебни обвинувања мегу кандидатите во изборите

,,Основен проблем за Македонија е што не е дефинирано што претставува изборна кампања и затоа не можете да одредите дали се прекршуваат одредбите или не.”

изјави доцент Рената Дескоска од Правниот факултет во Скопје која додава

,,Таков беше проблемот со претседателските избори. Се постави прашањето дали собирањето потписи на дел од кандидатите, претставува кршење на почетокот на изборната кампања или не. Друг проблем е што ако политичките партии почнат да се рекламираат во весници давајќи соопштенија и платени огласи. Прашање е дали тие тоа може да го прават.”

Според Дескоска во тој закон освен што би се дефиниарле дејствијата што може да се преземат во официјалниот дел од изборната кампања, би се прецизирале и казнените мерки во случај на прекршување на законот. Сега посочува таа, се останува на слободна проценка на оние кои одлучуваат, или судовите кои водат постапки доколку оштетените кандидати одлучат да тужат друг кандидат. Деновиве пак имаше обвинување од независниот кандидат Трифун Костовски на адреса на кандидатот на коалицијата За Македонија заедно, Ристо Пенов кој веке имаше свое претставување, а официјално кампањата започнува 20 овој месец. Костовски пак со свој допис до надлежните за спроведување на изборите:

,,ДИК го разгледа дописот од господин Костовски и го извести дека неговото барање не е во надлежност на ДИК. И затоа го испрати појаснувањето дека според законот одговорен е организаторот на изборите и кандидатот има право да покрене постапка пред надлежниот основен суд,”

изјави Зоран Таневски портпарол на Комисијата.
XS
SM
MD
LG