Надлежен орган за спроведување на пописот, е државниот завод за статистика, од кадешто велат дека пописот на земјоделаството требало да се спроведе една година по спроведувањето на пописот на населението, иако истиот е спроведен 2002 година, донесувањето на законот за попис на земјоделството сеуште е неизвесно.
„Законот отиде на владата и беше одлучено да се пушти во собраниска процедура. Во меѓувреме, од европската агенција за реконструкција ги повлекоа парите и рекоа дека не можат да продолжат до наредната година да ги префрлат и наредната седница на владата, се повлече законот од собраниска процедура и навистина сега не знам што ќе се случува понатаму,“
изјави Катерина Костадинова Даскаловска, директор на државниот завод за статистика. Таа додава дека значењето на овој закон е големо и е од особена важност за креирањето на земјоделската и руралната политика:
„Се надевам дека владата ќе има разбирање и дека ќе помогне. Бидејќи, попис на земјоделие не сме имале комплетен од 1969 година, овој попис е ставен во програмата, ставен и во прашалникот за апликација во ЕУ, дека ќе имаме попис.“
Недостатокот од квалитетни податоци за земјоделството во државата , а пред се за индивидуалните земјоделски стопанства е причината поради која треба да се донесе овој закоn, информираат од Државниот завод за статистика.
„Целта на спроведувањето на пописот е обезбедување целосни и релевантни податоци за споредување на земјоделските стопанства во земјата неопходни за анализа на состојбите,“
изјави Слободан Малески, еден од изготвувачите на овој закон.
Според него, иако во Македонија многу луѓе се занимаваат со земјоделство нивната активност не се евидентира преку официјални статистики:
„ЕУ дава огромно значење на земјоделството. Ако сакаме да добиеме помош, тие мора да знаат со каква структура на земјоделство располагаме, кои ни се земјоделските стопанства, да има слика за земјоделието, во моментот таква слика немаме.“
Средствата потребни за спроведување на овој попис се проценети на 3,3 милиони евра, а доколку законот стапи на сила, пописот ќе се спроведе во октомври оваа година.