Достапни линкови

Поголемите ингеренции на градоначалниците причина за внатрепартиските битки


Овие локални избори се разликуваат многу од минатите, и поголемите ингеренции кои ќе ги имаат градоначалниците со новата територјална организација се главниот мотив за огромната битка во меѓупартиските редови за да се добие кандидатура велат експертите, коментирајќи ги тактизирањата на партите со објавувањето на имињата на кандидатите:

„Тие добиваат такви ингеренции коишто на градоначалниците им дава можности такви да можат да одлучуваат за облиците на локален живот и мислам дека тоа е голем и основен мотив.“

вели социологот Јован Корубин кој потенцира дека покрај турбуленциите по кои помина новата територјална организација, на етничка основа , поради новиот квалитет на овие избори сега сме сведоци на несогласувања во чисти етнички средини.

„Случајот на Облешево и Чешиново е типичен кој покажува дека борбата се разгорува и на друг план и се појавува случај и во релативно етнички чисти средини. Вториот случај, којшто би го спомнал во овој контекст е случајот со растурањето на Кризниот штаб во Струга. Очигледно е дека проценката на партиите е дека е многу подобро да се влезе во таа изборна битка, макар и во средините каде што имаше спорни моменти, се разбира,“

Поголемите права на градоначалниците според професорот Корубин се и мотив позвучни имиња во нашето општество да се кандидираат за градоначалници што е позитивна појава:

„Децентрализирањето на правата на локално ниво веднаш дава соодветен резултат, во смисол на тоа какви личности да се изберат, кои личности, како ќе ја водат општината понатаму, затоа што сега се далеку поодговорни тие функции. Би било мое мислење и сугестија до сеите оние кои ќе ја преземат локалната самоуправа, да се заборават барем на локално ниво да се заборават партиските реваншизми на локално ниво и да се надминат меѓуетничките тензии и населението да се гледа како целина, однодно граѓаните како граѓани, а не како етнички групи.“
XS
SM
MD
LG