Достапни линкови

Македонија претставувана во светот според лична проценка


Од една страна македонските политички претставници од највисоко ниво демонстрираат еден вид дипломатска офанзива со чести официјални посети на повеќе држави, а од друга страна изостанува нивното присуство на одбележување на настани од светско значење. Како за илустрација само оваа недела претседателот Бранко Црвенковски беше во посета на офицајален Беград, а премиерот Владо Бучковски учествуваше на конференции во Прага и Софија, додека министерката Илинка Митрева отпатува во Љубљана. Но, реакција во јавноста предизвика пониското ниво со кое нашата држава беше претставена на одбележувањето на шеесет годишнината од Аушвиц, како и на молитвениот појадок во Белата куќа. Од кабинетот на шефот на државата пак велат дека поканата за заминување за Полска не била лично до претседателот и оти тој веќе ја прифатил поканата за учество на прославата по повод 60 години од победата над фашизмот закажана за 9 мај годинава, а за неговото неприсуство на молитвениот појадок кај американскиот претседател Џорџ Буш посочуваат оти има претставник од кабинетот. Аналитичарите во земјава сметаат дека ваквото однесување на високите политички претставници се должи на лични проценки каде да се замине и да се претставува државата:

„Сеуште кај нас недостасува кодекс на однесување, така што се остава на некаква лична слободна проценка или приватна слободна проценка, со тоа што е начелно важно. Сепак, се гради имиџот на државата, на принцип, општо признат во меѓународната заедниа, така што не би требало да се запостават овие прашања,“

изјави Мерсел Билјали советник на премиерот Владо Бучковски кој порачува дека во блиска иднина треба да се донесе кодекс за диполматско однесување поради непочитување на непишаните правила.

„Може да се нарече било како, но секако институција која ќе врши евиденција и ќе придава потребен значај на секој дипломатски случај.“
XS
SM
MD
LG