Шест години по интервенцијата на НАТО, се уште србите и албанците не можат да живеат заедно. Јасно е дека косовската сложувалка нема да се реши сама од себе, наведува Весли Кларк кој додава: Тензиите во Косово и Србија до крајот на годинава би можело да прераснат во насилен судир доколку нема конкретни напори од страна на Западот. Натамошните насилства, како оние во минатата пролет би можеле да резултираат со итна поделба на косовската територија, смета Кларк. Токму минатогодишните немири го поставија прашањето дали Косово може има независност. Но, како што вели пензионираниот американски генерал Весли Кларк, заштитата на малцинствата не може да биде обезбедена без напредок во решавањето на финалниот статус. Шесте земји кои ја сочинуваат Контакт групата и Советот за безбедност на Обединетите Нации средината на оваа година ја утврдија како датум за решавање дали да го почнат процесот за изнаоѓање на финалниот статус на Косово. Затоа, според Кларк, тие веднаш треба да започнат да ги утврдуваат основните правила за преговорите, како и временската рамка за евентуалното решение. Во рамката за Косовската иднина би требало да стои: да нема враќање под белградска управа, да нема поделба на нејзината територија и да нема идно обединување со Албанија или со некоја друга соседна територија. Конечно ваквиот таканаречен Договор за Косово би требало да биде одобрен на меѓународна конференција која би била организирана кон крајот на годинава. Доколку резолуцијата за косовскиот статус биде блокирана во Советот за безбедност, тогаш Соединетите Држави би требало да ја предводат коалицијата со своите европски сојузници и да организираат конференција, да поддржат референдум за прифаќање на новиот косовски Устав во почетокот на идната година и потоа да му дадат дипломатско признавање на Косово како нова држава. За разлика од Ирак, денес на Косово нема активен конфликт. Но, сега се бараат брзи мерки за решавање на неговиот финален статус за да не ги загубиме и мирот и слободата на Балканот, заклучува пензионираниот американски генерал кој беше командант за време на НАТО кампањата на Косово сегашен член на Меѓународната кризна група за весникот Вол стрит џурнал.
Во неговиот инаугурален говор, претседателот Буш зборуваше за предизвиците на промовирањето на слободата ширум светот. Природно, нашето внимание беше фокусирано врз изборите во Ирак. Но, тоа би можело да ги зголеми опасностите насекаде, како на пример на Балканот, наведува Весли Кларк пензиониран американски генерал кој беше командант за време на НАТО кампањата на Косово и кој сега е член на Меѓународната кризна група. Во неговиот напис во Вол стри џрнал тој додава дека со секој изминат ден тензиите на Косово растат и се закануваат со нов конфликт.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете