Достапни линкови

Шиитските политички и верски партии фаворити на изборите


Речиси нема сомнеж дека шиитските политички и верски партии ке минат најдобро на утрешните парламентарни избори во Ирак. Сепак, според политичките аналитичари со кои разговараше нашиот дописник Валентинас Мите, тешко е да се предвиди која ке освои најмногу гласови и која групација ќе доминира во парламентот.

Се очекува Шиитите да доминираат, а бившите емигранти да продолжат да ја играат водечката улога на ирачката политичка сцена. Според многу политички аналитичари, најмногу гласови би требало да освои Обединетата Алијанса на Ирак подржана од Ајатолахот Али ал Систани. Тоа е колација од две партии а предводена од бившиот емигрант и лидер на Врховниот Совет на Исламската револуција Абдул Азиз ал Хаким. Според експертите исто така се очекува на неделните избори добро да помине и секуларната листа на премиерот Ијад Алави. Еве што очекува експертот за Ирак Јахија Саид

„Сметам дека нема да има јасен победник. Обединетата Алијанса на Ирак најверојатно ќе биде најголемата група во парламентот, но мислам дека нема да го има мнозинството.“

Токму затоа, смета Саид, на Алијансата ке и треба партнер во Собранието и според него, тоа би можел да биде актуелниот првремен премиер Ијад Алави и неговата листа. Алави, имено е поранешен емигрант и секуларен шиит – лидер на ирачкката национална согласност. Саид верува дека Алави ке добие дел од гласовите на секуларните шиити но и на секуларните сунити, додека дел од шитите нема да гласаат за религиозните партии. Од друга страна повеќето сунитски партии најавија бојкот на изборите, но Џулијан Линдли Френч аналитичар од Женева вели дека тие како групација сепак ќе бидат застапени во новата влада. Сунитите, вели Френч, ке се обидат со ценкање да добијат што повеќе, бидејки токму радикалите меѓу нив, го предводат анти американскиот отпор во Ирак. Според Френч ке биде интересно како ке се постават Курдите во соработката со новиот режим.

„Ќе биде интересно да се види што ке напарават Курдите по овие избори кои ќе бидат во добар дел бојкотирани од сунитите.“
Во нивната област во северен Ирак, што ја владеат по заливската војна во 1991 тие, односно двете нивни партии ке добијат најмногу. Но се претпоставува дека потоа ке притиснат за дефинирање на ирачки федерален систем кога ке се пишува новиот устав во текот на оваа година. Прашањето е на чија страна ке се приклонат, на шиитите кои иако мнозинство беа репресирани и сега ке сакаат централизирана власт или на сунитите. Зависи од чувстото што ке добијат во врска со нивната автономија.
XS
SM
MD
LG