Достапни линкови

Македонија прави големи напори во реформскиот процес за интеграција во НАТО


Учеството на Македонија во воените вежби на НАТО придонесува во побрзото интегрирање на земјата во алијансата, во таа насока е и симулативна вежба на НАТО која се одржува во нашата земја за кризен менаџмент, која е во рамките на подготовките за ноемвриската воена вежва на полигонот Криволак на која освен земјите жленки на НАТО ќе учествуваат и земјите од партнерството за мир:

„Македонија прави големи напори во реформскиот процес со цел да се интегрира целосно во НАТО процесот и процедурите, а конкретните вежби придонесуваат за справување со евентуални кризни ситуации,“

вели Крег Ратклиф портпарол на НАТО во Македонија кој додава

„Македонија направи голем напор од како е членка на Партнерството за мир и за тоа време многу е постигнато, но колку Македонија повеке се инволвира во соработка со Алијансата како на пример овие вежби полесно се учи за алијансата нејзините механизми , а со тоа се доаѓа и поблислку до стандардите на алијансата.“

АРМ во рамките на приближување кон НАТО алијансата веќе учествува во две меѓународни воени мисии во Авганистан и Ирак. Од Министерството за Одбрана велата дека се подготвени да испратат воена мисија и во Босна но тоа не зависи од НАТО дуку од ЕУ.

„Треба да добиебе барање од ЕУ, бидејќи познато е дека меѓународните сили во Босна беа превземени од европските сили , така што во моментов нема таква иницијатива иако ние сме подготвени да испратиме наши војници во Босна,“

изјави заменик министерот за одбрана Талат Џафери.
XS
SM
MD
LG