Достапни линкови

Етаблирање и функционирање на Советот за радиодифузија како независно тело


Во изминатите седум години примената на постојниот закон за радиодифузна дејност покажа одредени слабости, поради што сега во тек е постапка за донесување на нов закон, за чиј работен текст деновиве оние на кои се однесува имаат повеке забелешки пред се поради доцнењето на усвојувањето на новата регулативе. Со новиот текст се очекува целосно да бидат имплементирани европските стандарди во областа на радиодифузијата. За тоа кои се новините претседателот на Советот за радиодифузија, Ѓорѓи Варошлија вели:

„Не само што Советот за радиодифузија ќе се етаблира во системот како вистинско независно регулаторно тело, туку тој преку решенијата во законот и ќе профункционира како независно регулаторно тело. Имено, во негова надлежност ќе биде доделувањето на лиценци што ќе ги издава и одзема Советот за радиодифузија. Тоа го обврзува да биде посамостоен, понезависен во донесувањето на одлуките како ќе постапува, бидејќи за секоја одлука на Советот може да се покрене судска постапка. Според тоа, исклучена е можноста Советот да биде под политичко влијание или да носи политички одлуки, затоа што, ако тие паднат на суд, Советот си става клуч на врат.“

Претставниците на електронските медиуми со свои забелешки:

„Финансирањето како еден од клучните фактори за независноста на медиумите, електронските медиуми, приватните да имаат поголемо право на реклама, а на јавниот сервис треба барем да му се намали правото, во прајм тајм, или во нашето барање е целосно да се забрани правото на комерцијални програми и реклами, за да може да го ослободи делот на приходот што го има, не многу битен за МРТВ, да се префрли на приватните медиуми,“

изјави Горан Гаврилов, директор на радио мрежата Канал 77.
XS
SM
MD
LG