Достапни линкови

Интензивирањето на преговорите за името поздравено од Кофи Анан


Генералниот Секретар на ОН Кофи Анан при средбата со Македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева во Њујорк само го поздрави интензивирањето на преговорите за името со Грција, и не е разговарано за конретно предлози и каков договор би бил прифатлив за ОН велат во македонското МНР.

„Според она што ние го имаме во нашето соопштение, и она што го кажа Анан, го поздрави интензивирањето на разговорите за разликата околу името во рамките на ОН.“

изјави портпаролот на МНР Душко Узуновски.

Преговорите со Грција се интензивираа по офицјалното признавање на уставното име на Македонија од страна на САД, кон крајот на минатата година. Со посредство на Метју Нимиц преговорите продолжија во Њујорк, но без конкретни резултати, по што следеше негова посета во нашата земја.

„Според мене сега многуи поважно е да се најде решение што ќе ја задоволи целата меѓународна заедница и особено да ве задоволи вас и другата земја,“

изјави во Скопје посредникот Нимиц

Ставот на Македонија е познат двојната формула е најприфатливото решение:

„Остануваме на двојната формула, на последната средба тоа го презентиравме и цениме дека тоа е соодветно решение, цениме дека тоа е принципиелен став, дека имаме издржани аргументи и нема потреба да го менуваме,“

го пренесе офицјалниот ставот на Македонија во преговорите со името претседателот Bранко Цервенковски.
XS
SM
MD
LG