Достапни линкови

Добра вест за Техеран


На неделните избори во Ирак, според некои очекувања, партиите на шиитскито мнозинско население би можело да освојат најмногу места во новото национално собрание. Што ќе значи тоа за соседниот Иран, кој впрочем се труди да дојде до таков резултат, но и за другите земји во регионот кои претежно се со доминантно сунитско население.

Американските и ирачките официјални претставници вообичаено го обвинуваат Иран за мешање во внатрешни работи на Ирак. Техеран најмногу се обвинува за тоа што им дава финансиска поддршка на шиитските партии. Има и такви кои велат дека Иран ќе испрател милиони граѓани во јужен Ирак за да учествуваат на изборите. Овие обвинувања, кои Иран нормално ги демантира, се тешко докажливи. Сепак некои можеби се делумни и вистините, особено ако се има предвид тоа што двете водечки шиитски партии Врховниот Совет на Исламската Револуција во Ирак и Исламската Дава партија, поради тоа што беа против режимот на Садам Хусеин, до неодамна беа во егзил во Иран. Сега, според некои очекувања, тие би можеле да победат на изборите со што ќе имаат мнозинство во новото собрание. Тоа пак, ќе им даде можност да формираат влада чија главна задача ќе биде, и покрај американското воено присуство, пишување на новиот устав. Вилијам Сами, експерт за регионот од Вашингтон вели дека прогресот на шиитите претставува добра вест само за Техеран. Тоа, според него, е победа на иранската надворешна политика која се противеше на американската инвазија врз Ирак. На таков нашин Иран постигнува две цели: си ги обезбедува политичките интереси во Багдад и им помага на бунтовниците кои се обидуваат со употреба на сила да ги истераат американските војници.

„Вие всушност гледате двојност во иранската влада. Имате извршен дел и министерство за надворешни работи кои ја признаваат привремената ирачка влада, но од друга страна имате и елементи во иранското собрание кои ги поддржуваат ирачките бунтовници.“

Но, Сами додава дека и состојбата во Ирак по изборите може да преставува закана и за самиот Техеран. Една од нив е и тоа што, доколку шиитите победат, тогаш светиот град Наџаф, во јужен Ирак, ќе стане водечки центар за шиитите во светот, што пак би можело да ја ослаби иранската теократија.

„Силна шиитска влада во Ирак значи и тоа дека Наџаф ќе ја обнови својата моќ и ќе почне да влијае врз шиитските групи насекаде во светот.“

Вели Амар ал Шахбандер, експерт во Институтот за војна и мир во Лондон, додавајќи дека тоа особено ќе се почувствува во земјите во регионот каде што шиитите се малцинство и каде што се раководени од сунитски влади. Тука пред се станува збор за Саудиска Арабија и Бахреин.
XS
SM
MD
LG