Достапни линкови

Македонските мажи се повеќе жртви на насилство од жената и децата


Модринки, крвави рани, психички растројства, не се белези, само на телата на малтретираните жени. Во Македонија, бројот на мажи подложни на физичко насилство е во пораст. Социјалниот работкик, од Центарот за еманципација, солидарност и еднаквост, Душко Миновски, вели дека поголем дел од пријавените насилства се жени, но:

„Срамежливо, меѓутоа се почесто, се јавуваат и мажите. Сигурно дека бројката е далеку поголема, но мачоменството трае и понатаму.“

Според Миновски, причината за порастот на насилството е опаѓањето на доминацијата на мажот кој до пред некое време се сметаше за финансиски столб на семејството:

„Карактеристика за оние мажи што се јавуваат е дека се жртви на транзициониот период. Тоа се стечајци, технолошки вишок којшто го изгубиле тлото под нозете. Не може да се снајдат, немаат доволен потенцијал зашто сметаат дека се е загубено. И доколку покрај себе имаат партнерка која е сигурна личност, којашто може да се снајде, почнуваат омаложувањата.“

Тој додава дека не се ретки случаите кога мажот е физички малтретиран и од поширокиот дел од семејството, од децата или внуците кои по секоја цена сакаат да изнудат пари. Граѓаните со различни мислења за овој проблем:

„Не мислам дека македонските мажи се тепани, затоа што на Балканот, сеуште владее балканскиот менталитет. Така што, може жената да е малтретирана.“

„Мислам дека има такви мажи, ама се кријат и немаме можност да ги запознаеме.“

„До сега не сум сретнал таков.“


Социјалните работници пак, сметаат дека семејното насилство може да се спречи само со кампања која ќе ја подигне свеста на двата пола подеднакво.
XS
SM
MD
LG