Достапни линкови

Две години многу краток период за да се почувствува напредок


Со цел заживување на економијата премиерот Владо Бучковски најавува низа на мерки што ке бидат превземи во наредниот период. Тој посочува дека посетата на стопанските капацитети ке биде традиција на Владата, бидејки тоа е начин директно да се запознаат со проблемите со кои што се соочуваат. Премиерот додава дека во иднина малите и средни претпријатија што имаат добри проекти ке бидат поддржани и од владата, а не само од странски фондови. Станува збор за проекти што би биле поддржани од државен гарантен фонд Од опозицијата сметаат оти состојбата во економијата во земјава е таква што на карток рок не може да се очекуваат некои резултати без разлика какви мерки би се преземале

„Доколку би ја погледнале состојбата на краток рок може да се очекуваат и негативни тенденции заради она што беше состојба со зголемените каматни стапки на НБМ, односно зголемената монетарна рестриктивност. Еден од главните предизвици на владата е да ги убеди економските субјекти и населението дека, на пример, политиката на одржување на стабилен курс на денарот е кредибилна, дека ќе нема поголеми економски шокови за приспособување на економските субјекти.“

Изјави професор Трајко Славевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

И Марјан Николов од Центарот за економски анализи посочува дека е потребно да помине подолг период за да се видат резултати во економијата.

„Се работи за кумулирана негрижа за македонската економија, ако во моментов се почне да се работи како што треба, двете години се многу краток период, гледано од политички аспект.“
XS
SM
MD
LG