Достапни линкови

Кондолиза Рајс треба да биде именувана за државен секретар


Комитетот на американскиот Сенат за надворешни односи се очекува денеска да гласа за именувањето на Кодолиза Рајс на функцијата државен секретар. При вчерашното сослушување во Комитетот, Рајс ги потенцираше приоритетите на американската политика.

Главна цел на американската администрација, според Кондолиза Рајс, останува ширењето на демократијата на Блискиот и Средниот Исток. Притоа, таа наведе дека Соединетите Држави биле целосно подготвени за војната во Ирак и за она што сега се случува во таа земја. Рајс сепак одби да одговори на прашањето кога би можело да се очекува враќање на американските сили од Ирак.

,,Треба сеопфатно да ги разгледаме тешкотиите и комплексноста на обидот да му се помогне на општетството да заздрави од тиранијата на Садам Хусеин. Тоа никогаш не е лесно и секогаш ќе имаме падови и успеси. Во тој процес некои наши одлуки беа добри, некои можеби беа лоши, но старетгиската одлука да го собориме Садам Хусеин беше исправна.”

рече Кондолиза Рајс, додавајќи дека во светот се уште места на тиранијата кои бараат внимание.

,,Сигурно, во нашиот свет има места на тиранија и Америка ќе биде со потчинетите на секој континент, на Куба и Бурма, во Северна Кореа и Иран, Белорусија и Зимбабве.”

Според Рајс, јавната дипломатија ќе има приоритет во решавањето на проблемите во светот. Во врска со Балканот, Рајс изјави дека е многу важно таму да бидат решени сите преостанати прашања:

,,Мислам дека тоа е од висок приритет, бидејќи би можело да помогне во комплетирањето на Европската конструкција. Се додека не биде среден Балканот тешко ќе биде да се помисли на Европа како на вистински целосна и слободна. Затоа ние треба да ги решиме и преостаните балкански прашања.”

Изјави Кондолиза Рајс која на местото државен секретар е предложена откако Колин Пауел поднесе оставка веднаш по изборната победа на претседателот Џорџ Буш во ноември минатата година со што го доби и вториот мандат во Белата Куќа. Во претходниот негов четиригодишен мандат Рајс му беше советничка за национална безбедност.
XS
SM
MD
LG