Достапни линкови

Неефикасноста на судството ги револтира цариниците


Не ретко одземените возила со кој е транспортирана шверцуваната стока, судовите им ги враќаат на шверцерите.

„Проблем се јавува во случаите кога ќе излезат да се реализираат на крај пред судот. Не ретко се случува, со специјално направени бункери за криумчарење на некој вид стока, на крај му бидат вратени на лицето кое го направило прекршокот,“

вели Зоран Петковски од оделението за мобилни тимови во царинската управа. И додека во царината не навлегуваат во фактот дали се работи за незнаење, неефикасност или корумпираност на лицата кој ги носат пресудите, тие ги коментираат последиците, за кратко време повторно како шверцери ги сретнуваме истите лица со истите возила.

„Не револтираат тие постапки, затоа што ние се бориме да го спречиме сето тоа, а во исто време, тие возила им се враќаат на сторителите и му се дава простор повторно да се занимава со истите работи и потвроно треба да се трудиме да ги санкционираме истите луѓе.“

Најновите искуства велат, дел од лицата кои стекнуваат лични приходи со шверцување на стока, полека ја менуваат тактиката , наместо во бункерите на возилата , вредната стока во последно време ја шверцуваат во скриени делови од личната облека.

„Веројатно многу скапо им стана на шверцерите да ги губат и возилата, па во последниот период, тенденција е криумчарење на ризични стоки, девизи, злато, дрога, во самите патници, во нивниот багаж или во самите нив.“

Електронското куче кое на лице место открива дали лицето имало претходен топир со експлозивна материја, дрога или друга забранета супстанца за трговија е само една од најсовремените опреми кој царинската управа ги воведе како одговор на софистицираните шверцерски техники.

„Тоа е апарат со којшто се мери густината на материјалот со одредено зрачење. Со негова помош може да измериме многу лесно дали во вратата на возилото е сокриено нешто, во резервоарот, покрај горивото и нешто друго се наоѓа што не би требало да биде така. Исто така ќе можеме да ѕирнеме и во најскирените ќошиња на камионите, патничките возила, автобусите.“

Како најфреквентни патни правци низ кој се движи шверцувана стока се оние кој се протегаат од грани6ните премини девебаир и блаце. Статистиката вели, мобилните тимови на царинската управа, кои вршат контроли во внатрешноста на државата само во текот на минатата година заплениле стока во вредност од 65 милиони денари или само за месец декември 2004 година вредноста на прошверцуваната стока преку граничните премини, а потоа запленета при контрола на некои од магистралните патни правци изнесувала 16 милиони денари.
XS
SM
MD
LG