Достапни линкови

Средба со албанскиот премиер Фатос Нано


Соработката меѓу Македонија и Албанија на безбедносен план е на највисоко ниво. Тоа го потврдува и фактот што меѓу двете земји потпишани се низа билатерални договори што придонесуваат за поефикасна борба против организираниот криминал, шверцот со наркотични средства, и трговијата со луѓе, велат во македонското МВР:

„Со Република Албанија цениме дека имаме одлични односи на ниво на министерства за внатрешни работи. Во ноември беше договорена и поинтензивна соработка во рамките на меѓународната полиција – Интерпол. Исто така, беше договорена и поинтензивна соработка во делот на недозволена трговија со дрога. Како резултат на тоа имаме два заеднички случаи на приведени и уапсени лица кои се обиделе да пренесат дрога од едната во другата земја,“

изјави портпаролот на МВР Горан Павловски.

За разлика од одличната безбедносна соработка, изостанува потребната економска соработка. Нивото на истата не е на задоволувачко ниво, сметаат во Министерството за економија:

„Извозот на македонски стоки во Албанија во 2003 бил 17,4 милиони, а увозот околу 4 милиони, значи треба и двете држави да изнајдат начин како оваа трговска размена да се избалансира, тоа е една од темите на кои треба да се обрне внимание и како таа да се унапредува, односно зголемува,“

вели портпаролот на Министерството за економија Гоце Пачемски, кој додава:

„Мислам дека се отвораат и уште повеќе перспективи посебно со проектот АМБО, очекуваме да придонесе не само кон развојот на енергетската структура, но и кон целокупниот развој на Коридорот 8, кој ќе овозможи подобра комуникација меѓу бизнис заедниците не само за развојот на инфраструктурата неопходна за развојот на економијата, туку и за приближување на двете економии.“
XS
SM
MD
LG