Достапни линкови

Позитивни ефекти за македонските граѓани


Членството во Светската трговска организација и примената на овие стандарди за македонските граѓани ќе има само позитивни ефекти затоа што тоа подразбира намалување на царинските стапки за повеќе производи. Тоа пак повлекува зголемување на конкуренцијата преку пониски увозни цени на производите.

„Пристапот до таа организација, значи дека за една земја се отвораат огромни пазари за пласман на своето производство. Друга работа е дали е подготвена и дали има соодветно производство, капацитети, да кажам, еластична понуда, која ќе може да се понуди на светскиот пазар, затоа што тој пласман ќе биде бесцарински или со пониски царини според правилата на СТО. Обратно, и Македонија треба да постапи во иста смисла, значи со снижувањето на царините на одредени производи. Кои производи и до кој степен ќе бидат царините намалени, тоа се утврдува во преговорите со СТО и се прави постапно,“

Изјави професор Живко Атанасовски од Економскиот факултет во Скопје кој информира во кој сектор прво ке се почувствува примената на новите намалени царински стапки

„Извесен удар, зајакнување на конкуренцијата може да се очекува во секторот на текстилната индустрија, посебно во конфекционерството. Ама, не може Македонија да остане затворена и мора да се судри со конкуренцијата, денес или утре. Граѓаните секогаш се во подобра ситуација, кога се утврдуваат царините автономно или врз основа на конвенции.“

Согласно обврските кон Светската трговска организација, од први јануари дел од производите од индустриските гранки се ослободени од царина, а кај дел се намалува царинската стапката. Кај прехрамбените производи, целосно се либерализира увозот на риба од Европа, а паѓаат царините за чоколади и останати кондиторски производи за од 8 до 10 проценти. Намалена од 36 на 24 проценти е царината за увоз на алкохолни производи, царината за мебелот од 30 на 18 проценти. Фиксните и мобилните телефони пак се ослободуваат од царина. Ова намалување на царините е чекор кон уште поголема либерализација во трговијата која ќе стартува во 2007 година.
XS
SM
MD
LG