Достапни линкови

Шанса за нов почеток и постигнување мир меѓу Израелците и Палестинците


На изборите, на кои ќе се избере палестинскиот претседател, наследник на Јасер Арафат, се гледа како на нов почеток за израелско-палестинските односи и шанса за да се постигне мир. Оптимизмот го внесе, Махмуд Абас, главниот фаворит на изборите кој ја ужива и подршката на Вашингтон, со изјавата дека „четири годишното востание против Израел е грешка што не смее да се повтори.“

Но еден ден подоцна, по немирите во Појасот Газа, изборната атмосфера се вжешти. Абас набрзина своите умерени изјави ги замени со остра реторика. Во вторникот, тој го нарече Израел ,,ционистички непријател,, откако израелските сили убија седуммина Палестинци во појасот Газа, како одговор на ракетниот напад што палестинците го изведоа врз една еврејска населба:

„Се молиме за душите на мачениците кои беа убиени денеска од гранатите на нашиот ционистички непријател во Беит Лаија.“

Израел веднаш возврати. Министерот за надворешни работи Силван Шалом, истакна дека изјавите на Абас се непожелени дури и за една изборна кампања:

„Тој сега користи термини, кои не сме ги чуле долго време. Ние веруваме дека дури и за време на изборите, за време на изборната кампања, не би смеел да употребува такви изјави“

Тури Мунтхе, аналитичар во Лондонскиот кралски институт, запрашан за острата реторика која ја користи Абас, вели дека тој ,,игра на картата за приближување до домашниот електорат“:

„Моето мислење е дека тој врши изборна агитација. Абас за сите овие години важеше за умерен политичар, но ние сега гледаме дека тој се обидува да придобие што е можно повеќе гласачи“.

Но, ако победи Махмуд Абас ќе треба да ја трансформира неговата популистичка реторика, во политика што ќе ги обедини сите Палестиници.

Во тој дел, непопустливиот Израел се надева дека палестинскиот лидер избран по Арафат, ќе мора да ги ,,заузда,, палестинските милитанти за да се постигне напредок во изнаоѓањето мирно решение. Израелскиот премиер Ариел Шарон, неделава изјави:

„Се надеваме дека новиот палестински лидер ќе знае да избере меѓу извојувањето на битка со терористите или пак ќе ги врати реформите назад. Ние би сакале заеднички да ја координираме безбедноста и ќе излеземе со план за појасот Газа, заедно со избраниот лидер.“

Муин Рабани, аналитичар на Меѓународната кризна група, вели дека кој и да победи на изборите во палестина ќе мора да ги контролира милитантите, до таа мера за да постигне отстапки од Израел:

„Ако може да излезе пред водачите на милитантите со јасен план дека нападите ќе ги прекинат израелската окупација, милитантите под силен притисок да ги прекинат нападите.“

Од другата страна ако новиот претседател излезе пред милитантите со „празни раце“ нудејќи разговор наместо насилства, тој може да биде презиран.
Иронија е во израелско-палестинскиот конфликт е во тоа што истото важи и за другата страна, односно за израелската. Лили Гали од израелскиот весник Харетз вели дека Израелците се изиграни на патот кон мирот, правејќи отстапки за Палестинците.
XS
SM
MD
LG