Достапни линкови

Најсилни природни катастрофи


Откако голем бран ја избриша античката цивилизација Минос во Егејско море пред три ипол илјади години, феноменот кој денеска е познат како цунами се смета за една во најсилните природни катастрофи. Неколку метарските ѕидови од вода се појавуваат по активирање на подводните вулкани или земјотреси и го носат првиот бран на смртта на оближните брегови. Но, пустошот што го остава водата, потоа, рапидно го зголемува бројот на жртвите.

Грчкиот остров Санторини личи на рак со испружени краци. Меѓу нив има два помали острова како парчиња храна што во секој момент ќе станат плен на ракот. Тие се само врвови на голем вулкан, и се составени од пепел и сулфур, чиј мирис во старо време се поврзуваше со мирисот на пеколот. Историјата забележала дека пеколот таму се случил пред три ипол илјади години кога вулканот однесе половина од Санторини. Тоа предизвикало појавување на голем бран кој дословно ја избриша тогашната цивилизација што се развиваше на Крит и насекаде во Егејот. Светот во неделата се потсети на разурнувачката моќ на ваквите ѕидови од вода. Цунамите, се нарекуваат така според јапонскиот збор за големи и брзи морски бранови, станаа масовен убиец во Шри Ланка, Индонезија, Тајланд, Индија, Малезија, па дури и во далечната Сомалија.

Овие бранови се скоро секогаш убиствени. Во историјата се запишани цунамите кои во осумнаесетиот век го погодија Лисабон кога загинаа околу триесет илјади луѓе. Толку жртви беа забележани и во вулканската ерупција која во илјада осумстотини осумдесет и третата го уништи Индонезискиот остров Кракатау. Цунамите во висина од четириесет метри стигнаа дури до Мадагскар. Замјотерсот во Литиа Беј на Аљаска во илјада деветстотини пеесет и осмата предизвика бран висок неколку стотици метри, но за среќа не дојде до катастрофа, бидејќи бранот се загубил во ненаселената дивина. Од илјада деветстотини четириесет и шестата големи цунами веќе четири пати го уништуваат крајбрежието на Пацификот. Јапонија особено, каде што веќе постои систем за предупредупредување од нив. Големиот број жртви во цунамите на Индискиот Океан, споре експертите, е токму немањето на ваков систем за предупредување. Еден од преживеаните вака го опиша она што го доживеа во Шри Ланка

,,Тоа е природна катастрофа. Не можете да ја спречите. Тоа би можело да се случи насекаде. Бевме на погрешно место во погрешно време.”

Геологичарите и океанографите се согласуваат. Ниеден дел од земјата не е поштеден. Во две илјади првата година тим научници предупредија дека евнтуалната поголема ерупција на вулканот на Канарските острови би можело да произведе огромен цунами кој ќе предизвика катастрофа на бреговите на Африка, Америка и Европа. Постојат археолошки докази дека пред три ипол илјади години минојците ја предвиделе ерупцијата на Санторини и избегале на бродови. За нив веќе никогаш не се слушнало. Некои веруваат дека токму тие се изворот на митот за загубената цивилизација позната како Атлантида.
XS
SM
MD
LG