Достапни линкови

Победа на лидерот на опозицијата Виктор Јушченко


Украинскиот опозиционен лидер Виктор Јушченко е победник на вчерашните претседателски избори. Од скоро сите пребројани гласови, од вчерашното повторено гласање на вториот круг, Јушченко освоил 52 насто од гласовите, а неговиот против кандидат Виктор Јанукович 48 насто.

Виктор Јушченко изутрината пред насобраните приврзаници во Киев ја објави својата победа на претседателските избори во Украина:

„Драги пријатели, сакам да ви кажам дека 14 години бевме независни, но не бевме слободни. 14 години имаше тиранија во цела Украина, тиранија на Кучма, Крафчук и Јанукович. Денеска можеме да камеже дека тоа е минато.“

Вчерашното повторно гласање на претседателски избори кое го набљудуваа 12,000 посматрачи помина без поголеми проблеми. До повторување на гласањето дојде по повеќенеделните протести на приврзаниците на опозициониот лидер Јушченко, кои станаа познати како „портокалова револуција“. Провладиниот кандидат Виктор Јанукович, синоќа изјави дека доколку загуби на претседателските избори ќе биде на чело на силна опозиција.
XS
SM
MD
LG