Достапни линкови

Македонската влада и ММФ договараат тешко остварливи мерки


Во името на стабилниот курс на денарор, одржувањето на дефицитот на договорената големина, стапката на инфлација на утврденото ниво, Македонија ги заборави структурните реформи. Не е проблемот во ММФ, кој ја протежира оваа политика, проблемот е во сите досегашни влади кои ги прифаќаат решенијата на ММФ:

„Вие треба да укажете дека економијата треба да си го задржи хуманиот дух, ние заборавивме на структура, заборавивме на раст, а ги запоставивме оние што ги имавме,“

е ставот на економскиот аналитичар Марјан Николов од Ценатор за економски анализи, според кого доколку властите знаат што сакаат од ММФ може да се има само корист, а доколку во преговорите се настапува без стратегија, резултатот е веќе познат:

„Кога имате елемент во државата, не дозволувајте да ве фефокусираат. Тие тоа не го прават намерно. Тие доаѓаат во државата, спремни од технички аспект и бараат од вас партнер, преговори, ако вие тоа не го обезбедите, резултатите на сите ни се јасни во последните 13 гоидини.“

Посебен проблем е што двете страни влегуваат со свои математики и без јасна визија дали тоа што се договара и реално може да се исполни:

„Македонија со ММФ не веруваат дека она што е договорено ќе биде исполнето. Од наша страна ние очекуваме кредибилитет, за да можеме да кажеме дека ќе дојдат инвеститори и ќе не извлечат од економската голгота и на крајот пред да заврши аранжманот ние ќе го прогласиме за неуспешен и нема да го исполниме она што сме го договориле.“

Предлозите што доаѓаат во последно време од некои политичари за воведување валутен борд е уште еден доказ дека Македонија има потреба од надворешни авторитети, што како политика е сосема погрешно:

„Во Република Македонија нас стално ни треба кредибилитет, за да може политиката да ги спроведе реформите.“
XS
SM
MD
LG