Достапни линкови

Сончево небо и ветровити степи


Сончевото небо и рамните ветровити степи го прават Казахстан ветена земја за производство на соларна и енергија добиена од ветрот. Казахстан минатата година во соработка со УНДП програма на Обединетите Нации разви еден сончев проект во регионот на Алмати, а деновиве лансираа проект за добивање енергија од ветер.

Околу 90 насто од електричната енергија Казахстан ја добива од јагленот и гасот, а 10 проценти од хидро електраните. Со цел да се зголеми употребата на алтернативните извори на енергија УНДП и Казахстанската влада пред извесно време лансираа три годишен проект за добивање енергија од ветер со потенцијал од 1,82 трилиони киловати на час. Преставникот на УНДП во Казахстан Гордон Џонсон посочи дека проектот ја вклучува изработката на таканаречените потенцијални ветровити мапи и легални и регулаторни мерки.

„Казахстан е веројатно е една од земјите во светот кои најсигурно можат да се потпрат врз енергијата на ветерот. Проблемот е што населеноста е ниска, а Казахстан е потпрен врз нафтата и јагленот чии залихи се големи а чија цена е ниска. Затоа нашиот предизвик тука е дали енергијата на ветерот е исплатлива. Односно ние и владата ги истражуваме механиозмите за финансиската одржливост.“

Дел од програмата е изработка на станица со капацитет од 5 мегавати енергија на ветрот кај Јунгар Гејтс во близина на границата со Кина. Целта е да се обезбеди база за идните инвестиции во овој сектор. За овој проект два милиони долари обезбеди независната финансиска организација од Вашингтон – ГЕФ, вели Џонсон најавувајки дека ке бидат поканети кредибилни инвеститори. Планот е до 2030 година да се инсталираат капацитети од 500 мегавати енергија добиена од ветерот. Сергеј Куратов од невладината организација ,,Зелен Спас,, вели дека задачата е голема.



„Имаме добри извори на ветер во степите и според нашите експерти овој извор на енергија е многу вреден за нашата земја. На југот на Казахстан има многу сончеви денови и тоа е втора можност за искористување на соларната енергија. Ентузијастите и порано се обидуваа да направат опрема за искористување на ветерот за во рестораните на пример и во пералните. Досега владата не се грижеше за алтернативните извори на енергија.“

Преставникот на УНДП Џонсон во меѓувреме вели дека новата 5 мегаватна станица е силен индикатор за владината намера да го развие секторот на енергија од ветерот. Тој вели резултатот доколку се исполни планираното би бил заштеда на 400 милијарди тони јаглен – клучен фактор за глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG