Достапни линкови

Односите на САД и Куба затегнати заради билборд


Според традицијата Божик е време на добра воља, период кога раликите и несогласувањата би требало да бидaт ставени на страна. Но Куба и Соединетите Држави се заплеткаa во една нималку доблесна божикна кавга во која главна улога имаа празничните билборди

Кавгата започна кога американската мисија во кубанскиот град Хавана постави светлечки билборд свртен кон мошне посетениот морски брег.
Она што ги налути кубанците не беше елката или светлечкиот снешко туку дисплејот со број 75 кој подсетува на бројот на уапсените дисиденти минатата година од страна на кубанските власти.
Куба и официјално побара да се одстрани овој дисплеј. Председателот на парламентот Рикардо Алакрон го нарече ѓубре и провокација направена од страна на шефот на американската мисија во Куба Џејмс Кејсон.

,,Вообичаена глупост на овој човек. Се чини дека е подготвен на се само да направи проблеми. Искрено мислам дека тој не заслужува понатамошен коментар”

Но, Kејсон рече дека дисплејот останува

,,Подготвени сме да платиме секаква цена за работите во кои веруваме. Затоа каква и да е цената, ние ќе ја платиме”

И тогаш Куба возврати. Низ улицата во која е американската мисија во Хавана изникнаа големи билборди со кукасти крстови, со зборовите фашисти и со сликите на мачени ирачки затвореници.

Во Вашингтон портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер изјави дека секој влада која поставува кукасти крстови треба самата да се запраша зошто тоа го прави

,,Претпоставувам дека тоа е начин на кој кубанците реагираат на божикните светилки. Што се однесува на нив ние мислиме дека тие се соодветни за овој дел од годината. Мислиме дека е соодветно и подсетувањето на 75-те затворени луѓе.”

Дипломатски извори пак додаваат. Поставените дисплеи представуваат полезен контраст. Од една страна им посакува среќен Божик на Кубанците и истовремено на минувачите им ја наметнува дискусијата за човековите права, а од друга страна ги имате врескачките билборди на кубанскиот режим.
XS
SM
MD
LG