Достапни линкови

Туристичките агенции бележат намален интерес за дочек во странство


Предновогодишна треска во Македонија. Каде за Нова година? Деновиве е најчесто поставувано прашање. Туристичките агенции годинава нудат богат пакет новогодишни програми, но оттаму велат дека интересот на граѓаните за новогодишен дочек надвор од земјава е помал во однос на претходните години:

„Нашиот народ се одлучува на крај. Но, како ретко кога, има нивото на резервации не не задоволува,“

вели Нехар Селим од Т.А. Нехар Турс.

Граѓаните пројавуваат најголем интерес за Париз и Верона, а не помалку се заинтересирани и за егзотичните дестинации, како Египет и Тунис, велат од туристичките агенции. Колку за илустрација, цената на новогодишните аранжмани во Тунис и Египет како најдалечни дестинации се движи од 380 до 900 евра.

„Нашата агенција има дестинации за Египет, Мароко и Тунис, ама поради цената Мароко е откажан,“

вели Осман Реџаи од Т.А. „Флај“.

Од туристичките агенции велат дека опаднатиот интерес се должи на слабата економска моќ на граѓаните, како и на политичките случувања кои создаваат несигурност кај граѓаните. На прашањето каде ќе ја дочекаат Новата година, граѓаните одговараат вака:

„Во домашна атмосфера.“
„Дома со семејството.“
„Заедно со Горан Бреговиќ, на плоштад во Скопје“
„Според платата и Нова година.“
„Плоштадот годинава е убав и дома и на плоштад.“
XS
SM
MD
LG