Достапни линкови

Причината, неразвиеноста на секторот на мали и средни претпријатија


15 години го развиваме секторот на мали и средни претпријатија и 15 години се наоѓаме на дното на развојот на овие бисниси. Некоординираноста на администрацијата и инертните потези што ги влечат сите досегашни влади придонесоа македонската економија да се потпре исклучиво на работата на десетина големи компании:

„Главен проблем е во владата, во однос на координираноста, конзистентноста на политиката и мерките што ги носат. На законските прописи, никако да ги синхронизираат сите промени да се случат истовремено или да бидат кон нешто насочени,“

е ставот на професорката од Економскиот институт, Весна Стојановска.

Од 90,000 регистрирани фирми половината воопшто не проработеле, а од тие што функционираат само една третина прикажуваат позитивно работење:

„Последица е исто така на нестабилноста на стопанското опкружување во коешто стопанисуваат нашите субјекти, а тоа е последица на постојаното менување, дополнување, амандманирање на законската регулатива, што внесува една нестабилност и несигурност кај стопанските субјекти.“

За спориот развој на секторот мали и средни бизниси Стојановска проблемот го лоцира и во лошиот менаџерски кадар со кој располага Македонија:

„Иако имаме насока за менаџмент, нашите менаџери сметаат дека не им е потребна обука, а ефектите и резултатите од нивното работење ги гледаме и ги чувствуваме сите. Значи, прво и основно треба малку да го смениме пристапот во образованието, па од висока теорија да се симнеме во пракса.“

Сите овие аномалии придонесуваат и по 15 годишно транзиционирање на економијата во Македонија сеуште да не се развиени чисто пазарни услови на стопанисување. Посебен проблем се неповолните кредитни линии кои ги одобруваат комерцијалните банки:

„Постојните услови за кредитирање воопшто не се поволни, што пак не им дава сигурност на малите бизниси дека ќе имаат поволни услови за да се вклучат и да земат кредити и за утре дека ќе може да ги вратат.“
XS
SM
MD
LG