Достапни линкови

Понуда за почеток на преговорите за членство со Турција на 3 октомври 2005


Европската Унија понуди на 3 октомври 2005 да ги започне преговорите со Турција за полноправно членство. Анкара разочарана поради условот да се признае Кипар. Преговорите со Хрватска доколку целосно соработува со Хашкиот Трибунал ,според предлогот, почнуваат во Април 2005 кога Бугарија и Романија ќе го потпишат договорот со кој во 2007 ке станат полноправни членки на Европската Унија. Ова се случувањата од последниот годинашен самит на Европската Унија кој и денеска продолжува во Брисел.

Почетокот на продолжението на самитот во Брисел, како што е соопштено беше одложен изутрината за извесно време поради приватни консулатции со Турција. Имено, Турскиот премиер Реџеп Ердоган по ноќешните неуспешни преговори со преставниците на Европската Унија изјави дека е разочаран од условената понуда за почетокот на преговорите и оти ќе биде тешко да ги убеди турските граѓани од неопходноста да се признае Кипар. Во драфтот на финалната изјава се наведува дека Европската Унија очекува Турција да иницира, а пред да почнат преговорите и да потпише договор со кој де факто ќе го признае Кипар. Претходно, синоќа лидерите на 25 – те земји членки на Европската Унија на самитот во Брисел се согласија да ги отворат вратите за Турција односно за разговорите за полноправнио членство кои би започнале во Октомври идната година. Понуда ја објави претседателот на Комисијата Хосе Мануел Баросо.

,,Дами и господа, Европската Унија ја отвори својата врата за Турција. Правејки го тоа ние правиме балансирана понуда земајќи ги во предвид легитимните интереси на Турција и легитимните интереси на Европската Унија.”

Јан Петер Белкененде премиерот на Холандија, актуелен преседавач на Унијата, меѓутоа истакна дека за исходот на тие преговори со Турција нема гаранција. Преговорите можат да траат и следните 15 години. На самиотот во Брисел е предложено преговорите за пристапувањето на Хрватска во Европската Унија да започнат во Април 2005, кога и Романија и Бугарија ќе ги потпишат договорите со кои две години подоцна во 2007 ќе станат полноправни членки на Унијата. Од Хрватска се очекува целосна соработка со Хашкиот Трибунал, а Загреб се надева дека ке го фати возот со Бугарија и Романија. Меѓутоа, според дипломати во Брисел, пореалистичен датум за Хрватска е 2009 та година. Романија и Бугарија пак се согласија и дека нивнуиот влез во Унијата може да биде одложен за 2008 доколку не ги исполнат договорените реформи.
XS
SM
MD
LG