Достапни линкови

Не се исцрпени сите средства за мирно решавање на проблемот со Кондово


Политичките партии на Албанците во земјава сеуште се обидуваат проблемот со Кондово да го решат преку преговори со оружените лица. Преставници на владеачката ДУИ сметаат дека сеуште не се исцрпени сите средства за мирно решавање на овој проблем:

„Ние и натаму сметаме дека се уште не се исцрпени сите средства или аргументи за мирно решавање на овој проблем преку дијалог е и без крвопролевање. Челните луѓе на ДУИ за Кондово и натаму се обдува да ги убедат мегународниот фактор така и политичкиот фактор во земјава дека има можност и овој проблем да се реши во полза на жителите на Кондово и индивидуите кој се инволвирани во сево ова,“

вели потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити кој потенцира дека ова сто се случува во Кондово не во полза на Албанците

„Не е во интерес на на Албанците да имаме ситуации како Кондово или порано Брест имајќи во предвид дека наредната година е клучна година за решавање на конецниот статус на Косово а ваквите ситуации ги попречуваат и започнатите процеси во РМ“

е ставот на Халити.

Состојбата во Кондово може да ја влоши безбедносната состојба во земјава бидејќи таму опрериаат вооружени лица ова е еден од заклуќоците на вќерашната Собраниска комисија за одбрана и безбедност. Радува фактот што собраниската комисија разговараше на оваа тема бидејќи собранието е вистинското место каде треба да се дебатира вакви ситуации, смета Билјана Ванквоска од Институтот Евробалкан:

„Она што загрижува во Македонија е можноста Кондово да се прошири. Едноставно Кондово е само метафора за една ситуација во која помали или поголеми групи може да ја дестабилизираат земјата. Дури и образложението што ги користат може да варираат зависно од политичкиот миг. Еднаш може да се исценира една ситуација, а друг пат друга, и тоа не прави ранливи и создава несигурност.“

Без разлика што се коментира дека случајот Кондово е албанско - албански конфликт Македонија е унитарна држава и тоа влија врз сите нејзини граѓани смета Ванковска.

„Така што тоа е обид повторно да се озместат работите надвор од институциите и повторно да се решаваат на начин несцојствен на модерна држава, најмалку на држава што се стреми за членство во НАТО и ЕУ.“
XS
SM
MD
LG