Достапни линкови

Македонија - економски парадокс поради големото ниво на сива економија


При пад на индустриско производство и дефицит во платниот биланс во сите нормални економски земјата би регистрирала недостаток на парични средства, бидејќи поради малиот обем на произвдство и зголемениот извоз средствата би се одлеале од државата.

За волја на вистината во македонија ситуацијата е обратна. имаме ниска стапка на производство, висок дефицит и вишок на финансиски средства во оптек:

„Во услови на пад на производството, а зголемен увоз, тие пари се одлеани за увоз, ги нема во Македонија, ние имаме зголемена маса на пари во оптек, па НБМ мора да реагира за намалување на зголемената маса пари во оптек со зголемување на каматите на благајничките записи. Причината е само сивата економија,“

вели професорот од правниот факултет Ванчо Узунов. И сега поради фактот што ниту макеоднските власти ниту макеоднските бизнисмени имаат идеја како продуктивно да се искорист вишокот на пари6ни средства , централната банка мора да интервенира со подигање на каматните стапки на балгајничките записи , со што би се повлекол вишокот на средства и во исто време би се одржал курсот на денарот на постојното ниво.

„Проблемот е што кај нас нема инвестициона активност во нешто што е продуктивен сектор и што би креирало вработувања, туку има инвестиции или за некои тековни обврски или бизнисмени инвестираат во недвижности.“

Проблеми има и со бизнис климата:

„Едниот е институционален, врзан со владата, сеуште долг е патот да почне да функционира како што треба и вториот дел е судскиот систем и неефикасноста на судскиот систем.“

И додека продуктивните инвестиции тешко виреат на ова почва според економските анализи македонија сеуште е добар терен за развој на сивата економија. последните статисти6ки податоци велат стапката на сива економија е во висина на 55% од бруто домашниот производ:

„Дали мислите дека дневно, зелен пазар или бит пазар, прави помалку промет од целиот ГТЦ. Јас не би се чудел и да е повеќе, ама и да е помалку, е многу малку помалку. Кој плаќа данок на зелен пазар? Ние во ГТЦ може да ги затвориме сите дуќани затоа што немаат фискални сметки, а ваму имаме нешто што го нарекуваме социјала, а прави исто толку промет.“

Во меѓувреме процентот на искористеност на кредитните линии во комерцијалните банки од страна на фирмите се повеќе опаѓа. Поради зголемувањето на каматните стапки на балгајничките записи и банките најавуваат зголемување на стапките на кредитите што тие ги одобруваат. Од 734 милиони евра колку што изнесуваат вкупните заштеди во банките само 10% се пласираат како кредити меѓу фирмите и населението. Сите останати средства се депонирани во странски банки.
XS
SM
MD
LG