Достапни линкови

Признавање на неспособноста на владата за управување со економските текови


По предлогот на некој опозициони пратеници дека во Макеоднија е неопходно формирање на валутен борд со цел излез од тешката финансиска ситуација во која се наоѓа државата економските експерти со поделени коментари. Првите, во моментов нема ни политички ни економски предуслови за воведувањена ваква мерка.

„Навистина е нереално да се очекува од сегашната коалициона влада која има убедливо мнозинство во парламентот да преземе таков чекор. Прво, затоа што со тоа би признала неспособност да ги менаџира економските текови во земјата. За една таква операција нашата земја би морала да располага најмалку со двојно поголеми девизни резерви коишто сега изнесуваат околу 800 милиони долари. Друга операција е еднократна девалвација во висок процент.“

е ставот на економскиот експерт Душан Вељковиќ.

Воведувањето на валутен борд подразбира формирање на тело кое ќе ги контролира сите финансиски трансакции во државата, а каде последниот збор ќе го имаат луѓето од меѓународните финансиски институции. Тоа е најисправниот чекор доколку се има намера да се излезе од постојната економска ситуација, коментира професорот на економскиот факултет Трајко Славевески:

„Има еден проблем тука што на некој начин ги засилува барањата за воведување на валутен одбор. Тоа е дека и покрај стабилноста што се одржува подолг период, сеуште кредибилитетот на политиката не е до тој степен, за јавноста да верува во одржливоста на тој курс.“

Фактот дека Бугарија воведе валутен борд и нејзините искуства се позитивни затоа што во оваа држава постоеа и економски и политички предуслови за такво нешто коментира Вељковиќ.


„Бугарија е единствената земја во поновата историја во Европа во која е воведено такво нешто, но тоа беше во сооднос на политичките и владеачките гарнитури во Бугарија и со силна поддршка на ММФ и на другите меѓународни финансиски институции.“

Според министерот за финансии Никола Поповски во услови кога во државата постои низок исклучително степен на инфлација и стабилен курс на денарот прашањето за воведување на валутен борд е беспредметно да се разгледува.
XS
SM
MD
LG