Достапни линкови

Кој е лидерот на опозицијата во Украина?


Лидерот на опозицијата во Украина Виктор Јушченко, по кризата со председателските избори стана познат во светот. Но малкумина надвор од Украина знаат повеќе за него. Кој е лидерот на портокаловата револуција?

Малку лидери во светот можат да изведат на улица стотици илјадници подржувачи во име на демократијата. Украинецот Виктор Јушченко е еден од нив. Но што ја предизвика ваквата подршка. Тој го нема дисидентскиот беграунд како Вацлав хавел ниту е пак типичен источноевропски апаратчик што преку ноќ станал популист. Политикологот Катарина Волцук потврдува

„Тој во основа е банкар што со двоумење влезе во политиката. И воопшто не е тип на популарен лидер какви што ги предводеа револуциите во поранешните комунистички земји,“

Во откривањето на тајната на неговата популарност треба да се тргне од неговата биографија. Јушченко е роден 1954 на северот на Украина.. Завршил економски факултет и ја почнал својата кариера како сметководител. Следната декада се искачува по скалилата на банкарската фела за во 93-тата кога Украина добива независност да стане директор на Националната Банка. Тогаш Украина доби национална валута. Во декмеври 99-тата председателот Леоднид Кучма, го постави за премиер. Одвај малку повеќе од година дена на неговата влада и е изгласана недоверба во парламентот. Јушченко замина во опозиција и ја основа коалицијата Наша Украина .

Според Катарина Волцук токму неговата работа како премиер е клучна да се разбере популарноста на Јушченко. Во неговиот мандат тој направи мало чудо запирајќи го долгогодишното економско тонење на Украина

„Можеби најзначајното достигнување на Јушченко беше фактот што неговата влада го запред доцнењето на платите. За прв пат луѓето во украина беа платени на време и тие оваа позитивна промена ја поврзаа со него.“

Со ова се согласува аналитичарот Јан Максимијук. Тој вели дека Јушченко и како директор на Националната Банка и како премиер на Украинците им покажал дека западниот модел може да функционира. Тој стана лидер на опозицијата затоа што луѓето му веруваа на она што го говори

„Јушченко беше прв премиер кој докажа дека пазарната економија и демократска влада можат да функционираат во Украина и можат да го подобрат животот на луѓето.“

Оттаму основата причина за неговата популарност е сликата за него како политичар кој се докажал во економската сфера согласни се аналитичарите.
XS
SM
MD
LG