Достапни линкови

Проблемот останува ист, со пасошот не може во странство


Освен неколкѕу технички промени, во новите патни исправи по барање на албанската етничка заедница, се остварува можноста да бидат додавани и термини на албански јазик. Во новите патни исправи, како што информираше државниот секретар во МВР Сали Рамадани, податоците ќе бидат печатени на македонски јазик и неговото кирилско писмо, додека за граѓаните од албанската етничка заедница податоците ќе се печатат на писмото што тие го употребуваат:

„Патните исправи и обрасците на патната исправа ќе биде пишана на македонско албански и англиски јазик. Исто така податоците ќе бидат впишани на македонски и албански.“

Во новите патни исправи содржани се уште неколку други новини што ги објасни претставникот на МВР Ерол Салих:

„Се работи за технички измени, а не за посебни заштити, тоа ќе се случи со тендерот што е во тек и се очекува да заврши во 2005 година и отпочнување на заштитни елементи во патните исправи. Има мали измени, тоа е грбот на државата. Се воведува запишување на престојот во странство. И за деца кои до 14 годишна возраст беа запишувани во патните исправи на родителите, сега секој граѓанин на Република Македонија ќе си има свој пасош.“

Прашан дали новите патни исправи повторно ќе поретрпат промена во случај на промена на грбот на државата:

„Тоа е технички изводливо.“

Според податоците на МВР, од минатиот четврток до сега аплицирале 600 граѓани. Пред секторите на МВР неколкумина граѓани веќе имаа можност да ги подигнат двојазичните пасоши кои се сфаќаат како придобивка од рамковниот договор. Сепак, генерално останува впечатокот дека новите пасоши не носат олеснување за влез во странски држави:

„Барам двојазичен пасош, ама ист е проблемот.“
XS
SM
MD
LG