Достапни линкови

Можно ли е влошување на меѓуетничките односи?


Може ли политичката криза во Украина да ги влоши меѓуетничките односи? Една четвртина од 50 милионското население на земјата се етнички Руси.Украинците што Слобоидна Европа ги интервјуираше на улиците на Киев велат дека нема опасност од такво нешто. Но аналитичарите стравуваат дека актуелниот обид за поголема независност од соседна Русија може да ја натера Москва да го употреби руското население како орудие за контрола.

Украинците велат дека односите со нивните сонародници кои говорат руски се добри, какви што впрочем секогаш и биле.

„Мислам дека несе загрозени. Да речеме дека засега односите меѓу Русија и Украина се влошуваат на државно ниво, но не и меѓу народот.“

Вели за слободна европа Володимир кој е етнички украинец. И според Олех, исто така Украинец, етничката припадност не игра никаква улога во актуелната политичка криза по претседателските избори. Тој смета дека е сосема погрешна представата дека русите во Украина го подржуваат провладиниот кандидат Виктор Јанукович

„Сите Руси што јас ги познавам гласаа за опозициониот кандидат Јушченко. А исто така знам Украинци што гласале за Јанукович.“

Олех додава дека Русите и Украинците се браќа и оти тоа секогаш така и ќе остане.

Сепак и пограј хармонијата аналитичарите велат дека односите меќу русијте и украинците во земјата зависта од исходот на политичката криза во земјата.

Според историчарот Игор Лосев меќуетничките односи во голема мера зависат од политиката на Кремљ и случувањата во Украина. Москва вели Лосев има доста влијателно орудие како што е Руското движење во Украина кое може да го смени јавното мислење на Русите во Украина

„Руското движење навидум е маргинална организација и како партија добива одвај еден насто од гласовите на избори. Па сепак тие можат да си дозволат да објавуваат десетици весници и списанија со извонреден квалитет и скапи што бесплатно ги дисптрибуираат“

Лосев вели дека најголемиот проблем во односите меѓу киев и Москва е прашањето дали Украина ќе избре западен начин на развиток и ќе дозволи да победи вољата на народот. Според овој аналитичар такво нешто Москва тешко доброволно ќе прифати.

„Таквиот режим на неототалитаризам во Русија што Путин го нарекува контролирана демократија не може да коегзистира со демократска Украина во соседството.“

Вели лосев. Тој стравува дека доколку биде донесена до зид Москва може да ја употреби својата најсилна карта, руското население во Украина. Доколку тоа се случи етничката хармонија на Украина нема да преживее.
XS
SM
MD
LG