Достапни линкови

Продолжуват преговорите за името со Грција


Стратегија во согласност со одлуката на Владата од ноември 2002 година, што всушност ја подразбира т.н. двојна формула, односно во билатералните односи со Грција изнаоѓање на прифатливо име за двете страни, а во меѓународната комуникација со останатите земји да се користи Уставното име на Република Македонија, ова е позицијата на земјава во водењето на денешните разговори помеѓу амбасадорите на Македонија и Грција во Обединетите Нации, за изнаогање решение за спорот околу името во присуство на медијаторот на Светската организација Метују Нимиц, потврдуваат од Македонското Министерство за надворешни работи.

Тоа, велат во МНР е веќе позната позиција на Македонија, во врска со решавањето на овој проблем.

Експертите сметаат дека она на што посебно треба да се внимава во дипломатските односи по однос на ова прашање, е вниманието што треба да го насочиме во релациите со Европската Унија, која засега изразува негодување по однос на признавањето на Уставното име на државава од страна на САД.

„Сега треба да се биде многу претпазлив и умен да не се загуби барем психолошката предност добиена со признавањето на уставното име од САД. Треба да се решава пред се во релациите со ЕУ, ние не смееме да си направиме проблем со Грција, ако таму имаме непријателски расположен актер тоа може да закочи многу работи.“

смета професрот Биљана Ванковска.

Наспроти позицијата која ја имаат во македонското министерство за надворешни работи, експертите коментираат дека можеби најсоодветна стратегија е водењето на тивка дипломатија и лобирање кај останатите земји за решавање на спорот околу името, со нашиот јужен сосед:

„Паралелна тивка и скриена дипломатија е да се лобира интензивно кај државите членки на ЕУ кај оние што подолго време покажуваат разбирање и симпатии за нашата ситуација.“

Денешните разговорите под покровителство на Обединетите Нации, во Министерството за надворешни велат дека се редовни разговори по последните кои се одржаа во јули годинава.
XS
SM
MD
LG