Достапни линкови

Ахмети не го дава, Бучковски не го сака


Али Ахмети сеуште не го дава Агрон Буџаку. Тоа е главната пречка, поради што мандатарот Владо Бучковски сеуште не може да го објави составот на новиот владин кабинет. Останатите ресори, со исклучок на МВР, веќе се исполнети.

,,Веќе е познат ставот и одлуката на претседателството на ДУИ околу тоа како ќе изгледа списокот на ДУИ за состав на новата влада,"

изјави портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети.

Првиот човек на министерството за внатрешни работи мандатарот Бучковски ќе го договара со претседателот на државата Бранко Црвенковски. Партиско решение или професионалец е дилемата на Бучковски. Односно, дали на ова место да остане Силјан Аврамовски или пак Љубомир Михајловски - Џанго, директорот на царината.

Стратешките интереси на државата, се тема на разговор на лидерот на СДСМ Владо Бучковски со претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски. Лидерот на СДСМ предложи отпочнување на континуиран дијалог со опозицијата за зголемување на меѓусебната доверба:

,,Бранко Црвенковски ни кажа пред една година дека е сериозно заинтересиран за овие разговори кога ние ги покренавме, меѓутоа видовме дека тоа било само уште еден од неговите трикови. Сега не знам дали истите трикови сака да ги примени и неговиот наследник,"

изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Бучковски на средба го покани и лидерот на ДПА Арбен Џафери. Но, тој ја одби првичната покана средбата да се одржи во седиштето на СДСМ:

,,Првичната покана не можеме да ја прифатиме од една причина, со тоа се прекршуваше веќе воспоставениот принцип во македонија за такви лидерски средби. Затоа и пративме писмо на СДСМ и рековме дека не можеме да ја прифатиме таквата понуда. Вчера имавме друга понуда, значи господинот Бучковски сака да дојде кај нас во сеиштето да се сретне со господинот Џафери и тоа ќе се случува в недела во седиќтето на ДПА во Тетово,"

изјави портпаролот на ДПА Сулејман Рушити.
XS
SM
MD
LG