Достапни линкови

Бројот на ресорите останува, министрите ќе се менуваат


Владо Бучковски Али Ахмети и Ристо Пенов ги продолжуваат преговорите околу конституирањето на новиот владин кабиннет. Смени ќе има, но кој од министрите во осавка нема да партиципира во новиот состав на владата сеуште останува енигма. Мандатарот Владо Бучковски доцна синоќа разговараше со министерот за финансии во оставка Никола Поповски кој прифатил и натаму да ја води оваа функција. Дали вицепремиерката Радмила Шеќеринска која беше против кандидат на Бучковски за лидер на СДСМ, исто така ќе го задржи овој ресор ќе биде познато денеска.

Што се однесува до ДУИ извесно е дека оваа партија ќе ги задржи истите ресори кои ги имаше досега, правда, транспорт и врски, здравство и образование:

„Ние мислиме дека ДУИ треба да ги задржи овие ресори што претходно ги имаше. Моментално ние мислиме дека Министерството за одбрана, кое беше атрактивно за нас, сега не е така атрактивно, бидејќи реформите кои требаше да се прават во ова министерство веќе се при крај, така што тоа беше нашиот мотив, зошто во почеток го баравме тоа министерство,“

изјави поторетседателот на ДУИ Рафиз Алити.

Останатиоте партнери на владеачката СДСМ, односно коалицијата „За македонија заедно“, извезно е дека ги задржуваат истите позиции и во кабинетот на Бучковски. ДПТ, ДПБ, и ДПС ќе имаат по еден заменик министер додека неизвесно е што ќе добие Обединетата Партија на Ромите која бара министерско место. Ваквото барање мандатарот Бучковски го оцени како преамбициозно.

Бучковски иако најави отстапки од првичниот став со ресорот одбрана да раководи кадар на СДСМ на ова место според најавите ќе застане човек на ЛДП. Оваа партија ќе добие уште две министерски места.

„Тоа значи дека ЛДП останува на претходно добиените позиции, три министерства и еден министер без ресор,“

вели портпаролот на ЛДП Наталија Велковска.

Инаку, составот на новата владо според мандатарот Бучковски треба да биде познат кон крајот на неделава или почетокот на наредната:

„Новада влада би можела да биде промовирана во јавноста на 7-ми, 8-ми декември, и проценката е дека помеѓу 15-ти и 18-ти би имале расправа за новата влада во парламентот.“
XS
SM
MD
LG