Достапни линкови

Состанок на двајцата претседателски кандидати вечерва во Киев со посредство медијатори


Двајцата кандидати на украинскиет претседателски избори кои доведоа до криза во земјата премиерот Виктор Јануковиќ и опозициониот кандидат Виктор Јушченко се состанаа вечерва во Киев со посредство на руски и европски медијатори. Што се се случуваше денеска.

Уставен удар се случува во Украина, им порача на повеќе илјади негови симпатизери вечерва во Киев премиерот Виктор Јанукович кој од централната изборна комисија беше прогласен за победник на втората рунда претседателски избори во земјата. Тоа според него го прави опозиционата Наша Украина и неговиот против кандидат Виктор Јушченко во Киев и западниот дел од земјата. Врховниот суд на Украина вчера за привремено ја стопира инаугуарацијата на премиерот Виктор Јануковиќ за претседател на државата за да се испитаат жалбите на опозицијата за лажирање на резултатите. Во Киев продолжија и протестите на опозицијата.

„Toa што се случува денеска води кон поделба на Украина. Јас не се плашам да кажам такво нешто бидејки е вистина. Како претседател ги почитувам 15 милиони гласови за Јануковиќ, но и 14 те милиони за Јушченко. Ако се разумни ќе седнат и ќе направат компромис за доброто на луѓето.“

Ова беше денешната изјава на украинскиот претседател на заминување Леонид Кучма по средбата со евро-комесарот Хавиер Солана кој заедно со претседателите на Полска и Литванија Александар Квашњевски и Валдас Адамкус пристигна во Киев во обид да помогнат во надминувањето на кризата создадена по претседателските избори за кои опозицијата тврди дека се наместени, а меѓународните посматрачи излегоа со став дека не ги исполнија европските стандарди. Еве што впрочем изјави Солана

„Јас сум тука за да се сретнам со сите лидери и да видам дали можеме да најдеме решение.“

Во меѓувреме реагираше и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров барајки од европските влади да го почитуваат изборот на украинскиот народ и да ги остават сами да си ги решат внатрените прашања. Јушченко, како што е познато важи за прозападен реформист, а Јануковиќ за потесни врски на Украина со Русија.Украинскиот парламент за утре закажа итна седница. Во меѓувреме повеќе источно европски лидери, земји партии парламенти и некогашни дисиденти како Вацлав Хавел и Лех Валенса и дадоа подршка на украинската опозиција.
XS
SM
MD
LG