Достапни линкови

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Народна и ДРУМ?


Додека предложените измени на законот за избор на пратеници чекаат да се најдат во собраниска расправа, политичките партии што произлегоа од ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-Народна и Демократско републикансата унија ги бројат можните пратеници кои }е формираат нивни пратенички групи. Станува збор за измени на законот со кои што на народните избраници им се отвара можност во текот на мандатот да преминуваат од една во друга политичка партија. Доколку бидат усвоени овие измени 15 од 27 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, }е формираат пратеничка група на ВМРО-Народна. В.D. претседателката на партијата Весна Јаневска вели дека тие очекуваат поддршка и од други пратеници:

,,Ние се надеваме дека законот ќе помине, затоа што тој ја помина првата фаза, пратениците веќе еднаш гласаа и го поддржаа тој закон и се надеваме дека во втората фаза тоа ќе се случи. Се надеваме дека и судските институции ќе се произнесат по тој закон. Во секој случај ВМРО Народна има сигурни 15 поддржувачи, а очекуваме и повеќе."

вели Јаневска.

И во Демократско републиканската унија на Македонија се надеваат дека некои од пратениците ке се најдат во нивната политичка платформа:

,,Претпоставувам дека индивидуално ќе биде чувството на пратениците дали ќе припаднат во ВМРО Народна, или ќе останат во ВМРО - ДПМНЕ или пак во друга политичка партија. Во тој контекст се надевам дека некои пратеници ќе најдат иден политички ангажман во нашата платформа."

изјави генералниот секретар на партијата, Аце Миленковски

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека и во случај на усвојување на законските измени, нивната пратеничка група ке остане носител на опозициските идеи

,,Веруваме дека парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и натаму носител на опозиционите идеи, без разлика што некои пратеници одлучиле да размислуваат опинаку од нашата зацртана програма пред две години."

изјави членот на Извршниот комитет, Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG