На централниот плоштад во Киев има стотина шатори кои ги подигнаа активисти на младинската организација Пора во намера да истраат во протестот против, како што велат, фалсификуваниот изборен резултат. Опозициониот кандидат Виктор Јушченко на синоќешниот митинг на кои учествуваа над стотина илјади луѓе, изјави дека власта имала намера да ги растури шаторите. Јушченко, повикувајќи се на анкетите спроведени по гласањето, додаде дека тој победил на неделниот втор груг од претседателските избори. Меѓутоа, Централната Изборна Комисија соопшти дека по речиси сите преброени гласови, победник бил премиерот Виктор Јанукович. Тоа го предизвика митингот на опозицијата во Киев, но и во Лвов на кои Централната Изборна Комисија е обвинета за фалсификат и е побарано од парламентот да ја разреши. Во спротивно опозицијата најави дека ќе ги повика граѓаните на генерален штрајк. Украинската служба за безбедност, од друга страна, побара од опозицијата проблемите да ги решава по мирен пат и оти доколку биде потребно ќе употреби сила за да ги заштити јавниот ред и мир. Премиерот Јанукович пак вели дека ќе бидат земени предвид ставовите на опозицијата, но не и на оние што ги повикуваат луѓето на барикади.
„Многу се зборуваше тука во Украина за сценарио слично на Грузиското. Не сакаме тоа да се случи, не сакаме да видиме државен удар како оној грузискиот.“
Вели членот на украинскиот парламент Валери Коноваљук. Украинските избори беа критикувани од посматрачите на ОБСЕ и од Соединетите Држави.
„Соединетите Држави се длабоко загрижени за изборите во Украина. Има извештаи за нарушување и неправилности на вториот круг.“
Изјави заменик портпаролот на Стејт Департментот Адам Ерели. За Владимир Рушаило, шеф на посматрачката мисија на Заедницата на независни држави, тие нарушувања не биле големи.
„Секако дека имаше одвоени случаи на нарушување, но не мислам дека тие имале влијание врз слободното изразузување на волјата на граѓаните во изборниот процес.“
Рускиот претседател Владимир Путин веќе испрати честитка до Виктор Јанукович. Јанукович, како што е познато се залага за зацврстување на односите со Москва, додека опозиционерот Јушченко се залага за поблиски врски со Запад.